Author: Author 03

Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ, се наведува во изјавата на Мирослав Лабудовиќ. „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар. Од срце им…

Повеќе

Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на минатите парламентарни избори и покажаа дека владините политики кои ги водиме се во вистинска насока, истакна на денешната предс-конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов. -Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови. Воедно сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија довербата во нашето делување. Вашиот глас е нашата најголема поддршка и…

Повеќе

Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори, изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува. Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина. Во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен. Ве повикувам повторно,…

Повеќе

По повод Европскиот ден на правдата, Програмската канцеларија на Советот на Европа објави натпревари за цртежи и есеи на тема „Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките“. Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави дека натпреварот за цртежи е отворен за деца и млади уметници од 6 до18 години, додека Конкурсот за есеи е наменет за млади помеѓу 15 и 28 години. Краен рок за поднесување на цртежите и есеите е 25 октомври 2025. Повеќе информации во врска со условите за учество и начинот на пријавување се достапни на https://rm.coe.int/call-for-submissions-drawing-and-essay-competition-final-final/488028ab3e и на ФБ на Програмската канцеларија на…

Повеќе

На 19.10.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Х.Б. пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело мобилeн телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини. „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ќе бидат поднесени во текот на утрешниот ден. Им честитам на сите градоначалници кои што победија во првиот круг. Од досега пристигнатите резултати, СДСМ во првиот круг победи во три…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, прогласи победа во првиот круг во Кратово. „Од срце ви благодарам, мои драги КратовчаниДенеска покажавте мудрост, единство и вистинска политичка зрелост. Со вашиот избор ја потврдивте вербата во вистинските вредности – избравте човек од народот и за народот, избравте дела, искреност. Го избравте вистинскиот пат кон напредок и просперитет на нашата општина.Ви благодарам за довербата и поддршката. Вашата одлука ме обврзува уште посилно, посветено и чесно да работам за подобро Кратово за сите нас!За наше Кратово и Македонија вечнаВМРО- СПМ: 3181СДСМ: 694НЕВАЖЕЧКИ: 472“, напиша Николовски.

Повеќе

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации. – Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е…

Повеќе

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. -Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство. Со поглед право во очи. Со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа, не заради нас туку заради себе. Поради…

Повеќе

Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелн градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола. -Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме таму каде што застанавме иако всушност ние никогаш не застанавме. Поддршката е огромна и тоа е огромна чест, но и одговорност за и понатаму да продолжиме заедно по патот кој го зацртавме. Огромна благодарност до сите…

Повеќе