Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

    Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

    07.12.2025 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

    Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори.

    Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со безбедноста, стабилност и иднина на државата.

    Ова ли е големата економска вест која Мицковски ја најавуваше со наводниот договор со Обединетотот Кралство? Дали за носење мигранти од Британија е направена проценка на безбедносна. Дали се предвидени ризиците и најважното дали имаме одговор на прашањето – Зошто Британија ги одбила, а ние би ги примиле ?

    Европската статистика е брутална! Дали Мaкедонија и граѓаните од демографски аспект се спремни да кажат добредојде на мигранти, дали не се следи трендот кој постои во повеќе европски земји каде што за жал поради лошо спроведени политики наместо интеграција на мигранти се случива зголемување на криминал, немирите, насилствата.

    Развиени и финансиски силни европски дрѓави Шведска, Британија, Германија, имаат огромен проблем да се справат со овој предизвик, нивните граѓани протестираат секојдневно за овие проблеми.

    Британија има прва проблем со мигрантите кој трае предолго.

    Ако овие високо развиени земји не можат да се справат со проблемот нема да може ниту Македонија.

    Ова општество НЕ МОЖЕ да го издржи ова. Нема цена што треба да се плати!

    Проблемот на луѓето што бегаат од војни и сиромаштија Македонија за жал, не може да го реши.

    На британските национални телевизии, аналитичарите веќе ја споменуваат Македонија како држава која може трајно да прими дел од мигрантите.

    Мицкоски и ДПМНЕ со нивните политики ги бркаат младите Македонци од државата а сега планира да носи мигранти од трети земји.

    Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти? Никој!

    СДСМ со целиот свој капацитет ќе се спротивстави на овие анти државни политики на Мицкоски и ДПМНЕ.

    Ги повикуваме граѓаните заедно да се противставиме, за Македонија се работи!

    Не за антимакедонските политики на ДПМНЕ во Македонија!, додаде Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.