Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти

    Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти

    11.06.2026 во 08:431 Min Read
    Принтскрин, Фејсбук, Александар Николоски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградбата на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка претставува „инженерско достигнување“ и доказ дека државата има капацитет за реализација на големи инфраструктурни проекти, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил.

    Тој наведува дека на оваа делница се градат мостови со столбови високи и до 61 метар, кои надминуваат висина на повеќекатни објекти во урбани средини. Во проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони челик и околу 125.000 кубни метри бетон.

    Николоски истакнува дека не станува збор само за транспортна инфраструктура, туку за проект со пошироко значење.

    „Ова не е само железница, туку доказ дека Македонија може да реализира големи и сложени проекти“, посочува тој во објавата.

    Железничката делница Бељаковце–Крива Паланка е дел од пругата кон Бугарија, која се гради во рамки на Паневропскиот коридор 8 и вклучува изградба на мостови, тунели и придружна инфраструктура.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.