Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП ги тресе угостителите: Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки – паднаа казни

    УЈП ги тресе угостителите: Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки – паднаа казни

    07.12.2025 во 10:444 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе биде насочен кон сите угостителски објекти – ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со готовински плаќања. П

    ред отпочнување со подетални контроли и изрекување санкции, УЈП спроведе обемен процес на советодавни активности и канцелариски анализи со цел да се согледа однесувањето на даночните обврзници и нивото на усогласеност со законските прописи. До 20 ноември се реализирани 3.500 советодавни посети на продавници и угостителски објекти, при што даночните службеници ги информираа обврзниците за најчестите неправилности со цел навремена корекција и нивно усогласување. Во текот на посетите беа утврдени состојби како: фискални апарати кои немаат налепници од овластен сервисер, кај некои се појавуваат оштетени пломби, а кај одреден број обврзници беше детектирано дека адресата на која е регистриран фискалниот апарат не соодветствува со реалната локација на работењето. Утврдено беше и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи. Овие активности продолжуваат и со нив ќе бидат опфатени сите субјекти кои работат со готовински промет.

    Паралелно со советодавните посети, Управата за јавни приходи спроведе детални анализи врз основа на податоците од ГПРС системот, теренските контроли и ДДВ-пријавите. Анализите укажуваат на ризични состојби кај дел од обврзниците кои континуирано евидентираат низок или идентичен дневен промет, кај други има отстапки меѓу капацитетот на објектот и пријавениот промет, неусогласеност меѓу прометот евидентиран во фискалните каси и прометот пријавен во ДДВ пријавите и сл. Врз основа на овие ризици, Управа за јавни приходи (УЈП) продолжува со контроли кои се плански и поткрепени со анализа на ризик. На терен ќе се врши детална проверка на точноста на ДДВ стапките по кои се евидентира готовинскиот промет, потврдување на локацијата на фискалните уреди и сл.

    Контролата не претставува само едноставно пребројување на средства во благајната и нивно вкрстување со податоците од фискалниот уред, туку инспекторите и контролорите ќе ги испитуваат сите релевантни факти за да ја утврдат реалната фактичка состојба. Покрај советодавните посети, до крајот на ноември годинава Управа за јавни приходи (УЈП) веќе спроведе околу 4.000 контроли за регистрирање на готвинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се над 2.500 глоби, а за 113 даночни обврзници изречени се мерки за забрана за вршење дејност, односно запечатување објект.

    Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет. Во поширок контекст, овој факт укажува и на користење на неевидентираниот промет за плаќања во готовина меѓу фирми и исплата на плати во плик, практики кои се спротивни на законот и претставуваат облици на сивата економија, создаваат нелојална конкуренција и предизвикуваат загуби за буџетот. Кон поголем број од даночните обврзници кои беа казнети за неиздавање фискални сметки и неевидентиран промет, УЈП испрати персонализирани пораки со повик обврзниците да поднесат исправки на даночните пријави, да го пријават прометот и да го платат данокот. УЈП го следи постапувањето на овие даночни обврзници и најавува дека, доколку не постапат доброволно, ќе следуваат и дополнителни контроли со примена на индиректни методи за утврдување на прикриениот промет и неплатениот данок. УЈП-ОЈ-З.2-01/1 2/1 УЈП упатува јасен апел дека почитувањето на законот не е избор и дека евидентирањето на прометот не претставува приватен договор меѓу продавачот на добра/давателот на услуги и купувачот/корисникот на услуги, а прекршувањето носи последици за сите, особено за чесните компании кои работат според правилата. Истовремено, апелираме граѓаните да бараат фискална сметка, бидејќи секоја неиздадена сметка претставува пари кои завршуваат во приватни џебови наместо во државниот буџет кој ги финансира здравството, образованието и јавните услуги. Пораката е јасна: УЈП е на терен, следи и постапува.

    Целта е намалување на даночната евазија, фер економија и еднакви правила за сите учесници во економијата. Чесните обврзници имаат поддршка, а оние кои го избегнуваат системот ќе се соочат со соодветни последици. УЈП останува решителна, транспарентна и доследна во заштитата на јавниот интерес и државниот буџет.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.