Author: Author 03

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва и Нигер во клучното гласање за нуклеарната безбедност. И покрај ова, резолуцијата, која повикува на проширување на глобалните напори за ублажување на последиците од катастрофата од 1986 година, беше усвоена со 97 гласа „за“, додека 39 земји беа воздржани, пишува „Киев пост“. Усвоениот текст ги признава трајните последици од катастрофата во Чернобил и ја нагласува потребата од континуирана помош на погодените региони. Резолуцијата, исто така, изразува загриженост за штетата…

Повеќе

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста на политичката партија СДС. „Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДС особено кај претседателот на СДС, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога.…

Повеќе

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица од 19 часот е во прекин за сите типови возила, поради блокади од страна на грчките земјоделци – соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта во државава се одвива непречено, по претежно суви коловози. АМСМ потсетува дека од 15 ноември започнала законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена…

Повеќе

Се смета дека меѓу 250.000 и 350.000 литри сурова нафта се излеале во руралните области северно од Берлин по истекување на нафтовод во германската покраина Бранденбург, соопшти денеска државната министерка за животна средина, Ханка Мителштет. Силите за итни случаи претходно проценија дека најмалку 200.000 литри истекле од нафтоводот што се протега од пристанишниот град Росток на Балтичкото Море до Шведт, по несреќа поврзана со работата што се случила синоќа, пренесе ДПА. Силите за итни случаи успеаја да го запечатат истекувањето во близина на селото Грамцов рано утрово, откако нафтата истекувала со часови, изјави портпарол на регионалната канцеларија за координација при…

Повеќе

Поради планирано приклучување на објектите на ул. Коле Неделковски бр. 15А и ул. Васил Ѓоргов бр. 21Б и 23Б, во периодот четврток или петок, во интервал од 11:00 до 16:00 часот, ќе се изврши празнење на дел од дистрибутивната мрежа, при што ќе настане привремен прекин на испораката на топлинска енергија за следните објекти:   Ристо Шишков бр.20,22,27А,28,34А,35,39 Мирослав Крлежа бр.51,52,54А,61,62,65,67 Илинден бр.47,49,55,57,59,62,64,70,80 Ј.Х.Џинот бр.19,21,23 Коста Веселинов бр.4,5,6А Наум Н.Борче бр.58,66,68,70,73,74,79,79Г (ДГ 13ти Ноември),81,87,88,88А,88Б Орце Николов бр.69,71,74,75,75Б,79,83А,83Б,85,86А,89,90, Орце Николов 91,93,94,96,97,100,101,106,107,110 Отон Жупанчиќ бр.22 Пајак бр.1,9,12 Пиринска бр.35,44 (Руска амбасада),45,50,52 Роса Плавева бр.1А,4 Чедомир Миндеровиќ бр.22,26,35 Народен фронт бр.3 (влез 3…

Повеќе

Британската кралска морнарица три дена ја следела руската подморница во Ламанш, и тоа во услови на силно невреме, пренесе ДПА. Во операцијата бил вклучен бродот за поддршка RFA Tidesurge, опремен со хеликоптер Merlin, кој ја надгледувал подморницата од класата Кило – „Краснодар“, како и придружниот реморкер „Алтај“. Руските пловила минувале западно од Северното Море, потоа низ Доверскиот Теснец и влегле во Ламанш. „Нема ништо како руска подморница за да го изостри вниманието на секој морнар“, изјави капетанот Џејмс Ален, командант на RFA Tidesurge. „Одржувањето отворено присуство и континуирано надгледување на руските пловни објекти во водите на Обединетото Кралство е од…

Повеќе

Долниот дом на австрискиот парламент денес донесе забрана за девојчиња под 14 години да носат муслимански прекривки за глава во училиштата и покрај можноста законот да биде прогласен за неуставен, што се случи пред пет години. Забраната, која ја предложи владејачката коалиција од три центристички партии, беше поддржана од крајно десничарската Партија на слободата (FPO), која беше единствената што побара таа да се примени и на училишниот персонал. Единствената партија што се спротивстави на предложената забрана беше најмалата парламентарна партија, Зелените, тврдејќи дека е неуставна. Групите за човекови права го критикуваа планот. Амнести интернешнл предупреди дека тоа ќе „придонесе за…

Повеќе

Иако веќе треба да имаме вистинска зима во Македонија и снег, сепак деновиве територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и истиот условува да имаме стабилно сончево и натпросечно топло време за месец декември и со пролетни температури на воздухот. Сепак во дел од котлините е магливо со зголемена ниска облачност и со пониски температури на воздухот. Овие денови ја имаме и температурната аномалија, односно високите места и планините се потопли од пониските населени места и од котлините каде е поладно поради маглата и ниската облачност. На табелата можете да…

Повеќе

Осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска треба првпат да се појави пред суд. Робинсон е обвинет за тешко убиство, кривично дело пукање од огнено оружје кое предизвикало тешка телесна повреда, попречување на правдата, како и за манипулирање со сведоци и извршување насилно кривично дело во присуство на дете, пренесе телевизијата Еј-Би-Си. Тој веќе двапати се изјасни пред судот, првпат виртуелно, а вториот пат само преку аудио снимка. Досега не се изјаснил за виновен, а би можел да се соочи со смртна казна доколку биде осуден за тешко убиство. Кирк (31) беше убиен од огнено оружје…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана. „Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин. Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена…

Повеќе