Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

    Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

    11.12.2025 во 20:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста на политичката партија СДС.

    „Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДС особено кај претседателот на СДС, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДС, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДС ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање“, рече Милошоски и додаде:

    „Има и една трета разлика, ниеден член високо рангиран на ВМРО-ДПМНЕ не излегувал со натписи како што излегуваше тогашната активистка на СДС, Мерсиха Смаиловиќ. Бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалец во Македонија е вкупно 14 лица, од коишто 9 лица се државјани на Косово, 3 лица се државјани на Конго, и 2 лица се државјани на Сирија, 14 лица се исто така членови на извршниот одбор на СДС коишто си поднесоа оставка на барање на Филипче, можеби оваа симптоматичност е случајна, но сепак самиот Филипче, неговиот извршен одбор којшто брои 14 луѓе зборува за мигранти а во моментов статус на бегалци, азиланти во Македонија има 14 лица. Гледам дека оваа тема на крајот до Март или Април единствено што може, да му послужи на Венко Филипче, темата извршен одбор на СДС да ја покрие со нешто друго“.

    Милошоски потенцираше дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи до Македонија нема стигнато ниту едно барање а доколку има, истото категорично би било отфрлено, со што заклучи дека оваа тема е манипулативна политичка тема со цел Венко Филипче да ја прикрие слабоста и празноста на политичката партија, која се соочува со дефицит на кадар, луѓе и идеи.

    „До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено.  Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, којашто претседателот на СДС, Венко Филипче ја злоупотребува, за да може да ја покрие слабоста и празноста на неговата партија, нема идеи, нема кадар, нема луѓе за тв-дебати, мора да весла на некоја тема со којашто ќе се одржи барем до Февруари-Март следната година“, дециден е Милошоски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.