Author: Author 03

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека општината има рекордна реализација на буџетот во третиот квартал од 307 милиони денари на приходната страна. Историски една милијарда и петсто милиони денари реализација во еден мандат, наспроти милијарда и шесто милиони реализирани во предходните девет години, додаде тој. Го забрзавме развојот на општината за два пати, продолжуваме уште посилно. Ја одржавме последната седница на совет во стариот состав, имавме добра соработка и се донесоа важни одлуки за сите граѓани. Им посакувам успех понатаму на сите, потенцира Стојкоски во објавата на својот фејсбук профил.

Повеќе

Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со британскиот премиер, Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот, додаде Мицкоски. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот, нотира во објавата. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, нотира во објавата на фејсбук премиерот Мицкоски.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација ушествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со директорката на ЕБРД, Одил Рено-Басо. За средбата со Рено-Басо, премиерот пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата. -На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, наведува Мицкоски на Фејсбук.

Повеќе

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Северна Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу. Нашата земја на Самитот во Лондон учествува со владина делегација предводена од…

Повеќе

На 21.10.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Повеќе

Јован Златевски соопшти дека се повлекува од функциите претседател на Републичкиот сојуз на здруженија на лозаропроизводители и претседател на Потсекторската група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што објави Златевски попладнево, причина за ваквиот чекор е недоволната соработка и поддршка од страна на институциите и покрај неговите заложби за подобрување на положбата на лозарите и на целокупниот сектор. -Изминатите две години со целосна посветеност и со голема одговорност ги извршував овие две функции. Секојдневно вложував труд и енергија за подобрување на состојбата на лозаропроизводителите и целиот сектор, за да се обезбедат подобри услови за…

Повеќе

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти. Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението. „Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски. Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата…

Повеќе

Израел денеска ги отфрли тврдењата на милитантната група Хамас дека вратените тела на палестинските затвореници покажуваат знаци на мачење, јавува ДПА. Директорот на здравствениот орган управуван од Хамас во Газа, Мунир ал-Барш, рече дека има индикации дека лицата биле застрелани или обесени. -Телата покажувале знаци на тепање, врзување, превези за очи и изгореници, рече тој, без да даде докази. Канцеларијата за медиуми на Хамас, исто така, зборува за „ целни егзекуции“, пренесува ДПА. Тврдењата не можат да бидат независно потврдени. За израелската војска овие обвинувања се „лажна пропаганда“ од страна на Хамас. Сите тела вратени досега биле борци од Појасот…

Повеќе

„Постои криминален пат низ Западен Балкан што носи нелегални мигранти во Обединетото Кралство и ние сме решени да го спречиме тоа со соработка со европските партнери“, изјави премиерот Кир Стармер во изјава пред самитот во Лондон со лидерите од Западен Балкан, пренесе Индекс. Во таканаречениот формат Лидерите на некои земји од ЕУ, меѓу кои и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, учествуваат во Берлинскиот процес во британската престолнина заедно со земјите од Западен Балкан. Санкции за бандите од Косово Се очекува самитот да се фокусира на напорите за намалување на нелегалната миграција – главна политичка грижа на гласачите во Британија – како…

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.10.2025 во средно училиште во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со нож нападнал 15-годишен ученик и му нанел убодна рана, по што е лишен од слобода.

Повеќе