Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ССМ: За да се преживее потребни се 70.000 денари месечно
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името
    • Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?
    • Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември
    • Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод
    • ФОТО: Фрлил градежен шут во Кисела Вода – инспекторите го фатиле на дело
    • СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа цените на нафтата

    Паднаа цените на нафтата

    15.12.2025 во 17:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата на светските пазари паднаа за повеќе од 4 проценти минатата недела, со што ги избришаа добивките остварени во претходните две недели. Причина за падот се очекувањата дека понудата на нафта повторно ќе ја надмине побарувачката во текот на следната година.

    На лондонскиот пазар, цената на барел се намали за 4,1 процент и изнесуваше 61,12 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,4 проценти, на 57,44 долари.

    По краткиот период на благ раст, цените нагло се свртеа надолу, откако трговците изразија загриженост поради прогнозите за значителен вишок понуда во 2025 година.

    Според најновите податоци на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), побарувачката за нафта следната година ќе порасне за околу 860.000 барели дневно, што е благо зголемување во однос на претходните проценки. Во исто време, понудата се очекува да се зголеми за дури 2,4 милиони барели дневно, што би довело до глобален вишок од 3,84 милиони барели дневно.

    И Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) во својот последен месечен извештај ја задржа проценката дека побарувачката ќе порасне за 1,4 милиони барели дневно следната година, што укажува дека понудата сепак ќе ја надмине побарувачката, иако во помал обем отколку што прогнозира ИЕА.

    Дополнителен притисок врз цените доаѓа од азиските пазари, каде купувачите бараат значителни попусти за венецуелската нафта поради изобилството од поевтина нафта од Русија и Иран, кои се под санкции.

    „И руските и иранските производители значително ги намалија цените, па кинеските купувачи во последните недели ги игнорираа понудите за венецуелска нафта за 14 долари помалку отколку во Лондон“, рече еден трговец.

    Од друга страна, цените добиваат одредена поддршка од зголемените тензии меѓу САД и Венецуела. Министерството за финансии на САД во четврток воведе санкции врз шест превозни компании што транспортираат венецуелска нафта, како и врз шест танкери кои неодамна натоварија нафта во земјата.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.