Author: Author 03

Авион на „Американ ерлајнс“, управуван од регионалниот авиопревозник „СкајВест ерлајнс“, беше принуден да изврши итно слетување во Небраска доцна во вторникот откако пилотите не можеа да стапат во контакт со екипажот и слушнаа тропање на вратата од пилотската кабина, соопшти Федералната администрација за воздухопловство (FAA). Летот 6469 полетал од аеродромот Епли во Омаха во 18:41 часот по локално време, со дестинација Лос Анџелес. Но, речиси веднаш по полетувањето, пилотите одлучиле да го прекинат летот и да се вратат, а авионот повторно слетал само 18 минути подоцна, според FlightAware. „По слетувањето, беше утврдено дека има проблем со интерфонскиот комуникациски систем, што…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(55) од с.Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 11.08.2025 пријавениот упатил закани кон лице од Тетово и се обидел да му изнуди поголема сума на пари.

Повеќе

„Со моето избирање за градоначалник ќе престане бетонизацијата во Карпош“, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија. Лукровски истакна дека ќе се формира ЈП „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, се со цел Карпош да биде граден плански во интерес на граѓаните. „Карпош план ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде…

Повеќе

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните. „Водам со 1530 мислам гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден…

Повеќе

Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, утринава се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница. објави Скопје1.мк Дека има акција од Обвинителството потврдија за Пресс24, но конкретни детали се најавија дури утре. „По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден“, соопштија од ОЈО.

Повеќе

Нема планови „во блиска иднина“ за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, јавија британските медиуми повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа. Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесуваат британските меидуми, а изјавата доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер. Дописникот на Aксиос од Белата куќа на X, ги објави истите информации. Според него, функционер на Белата куќа изјавил: „Во моментов нема планови за средба меѓу претседателот Трамп и претседателот…

Повеќе

Општина Велес започна со изведување градежни активности за реконструкција на дел од регионалниот пат кој минува низ приградската велешка населба Превалец, од кај рампата на железничката пруга до излезот од населбата, кај „Макпетрол“. Општина Велес дел од работите од првата фаза која е во тек ги изведува со средства од општинскиот буџет, а во втората фаза ќе ги изведува со финансиска поддршка со Јавното претпријатие за државни патишта и ЈП „Македонија пат“ како изведувач на работите. Како што денеска информираат од Општина Велес, во првата фаза која е во тек се поставуваат рабници на дел регионалниот пат кој минува низ…

Повеќе

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината. Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет, а секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, рече Меџити. Според градоначалникот Изет Меџити, на…

Повеќе

Од 1 јануари 2026 година, посетителите кои не се од земјите на Европската Унија ќе плаќаат 30 евра за влез во музејот Лувр во Париз – осум евра повеќе од сегашната цена од 22 €. Одлуката е дел од новиот модел на т.н. „passport-based pricing“, со кој најпознатиот музеј во светот воведува различни цени во зависност од потеклото на посетителите. За граѓаните на ЕУ, билетот ќе остане 22 евра, бидејќи европското законодавство бара еднаков третман за сите државјани на Унијата. Причината за зголемувањето, како што наведуваат француските културни институции, е растечкиот трошок за реставрација, одржување на историските згради и модернизација…

Повеќе

Во денешниот немилосрден свет не може да чекаме уште 50 години за да ја претвориме во реалност идејата за независна Европа врз која е основана ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европарламентот на дебатата по Програмата за работа на ЕК за 2026 година. – Исходот од руската војна ќе го обликува безбедносниот поредок на Европа во наредните децении. Постои надеж дека војната во Газа конечно може да заврши. Нашиот регионален и глобален поредок се менува. И Европа мора да се бори за своето место во свет каде што некои големи сили се или…

Повеќе