Author: Author 03

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните во која порачува дека на денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост. -Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава, истакнува Минчев во честитката. Тој посочува дека како министер за јавна администрација „силно верува дека токму преку отчетност,…

Повеќе

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. -Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, порачува претседателот на Собранието. Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество. -Само преку соработка и инклузивност можеме…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи. -Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз чиј дух и дело почива македонската државност. Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја национална држава не ни е подарен, туку е извојуван и изборен од нашите предци, македонските револуционери. Не случајно Републиката, во Член…

Повеќе

Европската унија утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел. – Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука за да ги осигураме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема, рече Кошта придружуван од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кошта нагласи дека ваквата одлука претставува многу јасна порака до Русија дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно и колку и да…

Повеќе

Креатор и автор на A.I.M. моделот е Бојан Кордалов, Виш експерт за стратешки комуникации, ВИ писменост и дигитална трансформација, кој во моментов работи во Брисел како директор за креирање политики и комуникации во Европскиот Центар за Извонредност (ЕЦЕ Брисел) Повеќето луѓе го ажурираат своето CV или LinkedIn профил дури кога веќе им треба нова работа. На прв поглед логично, но во реалноста, тогаш најчесто е предоцна. На денешниот пазар на трудот, кој е обликуван од дигитални платформи и вештачка интелигенција, видливоста е услов за релевантност. Ако вашите вештини и постигнувања не се документирани и оптимизирани за алгоритмите, практично сте невидливи…

Повеќе

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.10.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 08.30 до 16.00 часот, корисниците во областите Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска глава. ( општина Студеничани)

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт. На Македонија и се ставени на располагање 6 милијарди евра преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството,…

Повеќе

Хрватскиот пејач Жељко Голик почина на 64-годишна возраст. Пејачот доживеал сериозна несреќа во младоста, по која завршил во инвалидска количка. И покрај несреќата, тој продолжил да се занимава со музика. Жељко Голик ја започнал својата кариера во 1986 година и оставил значаен белег во жанрот на традиционалната и популарната музика.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.10.2025 во Итната медицинска помош Штип, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да го нападне вработениот во установата.

Повеќе