- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
Author: Author 03
Кина го изврши погубувањето на Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата за управување со средства „Чајна Хуаронг Интернешнал Холдингс Лтд.“, откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во северниот град Тјанџин, со одобрение од Врховниот народен суд, според известувањата на државните медиуми. Со мајската пресуда од 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, наредена беше конфискација на личниот имот, а сите незаконски стекнати средства беа вратени во државната каса. И покрај жалбата на Баи, Вишиот народен суд во Тјанџин ја отфрли во февруари оваа година.…
Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е дел од раководството на коалицијата ВЛЕН, изјави дека генерално го поддржува протестот што в сабота во Скопје го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во знак на поддршка на поранешните команданти на ОВК кои се соочуваат со судски процес во Хаг. Коментарите ги даде во интервју за косовскиот медиум „Вокс Косова“, нагласувајќи дека протестот е демократско право, а Ослободителната војска на Косово претставува дел од националната историја и гордост. „Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е…
Овој Буџет не е само финансиска конструкција, туку стратегија, визија и јасна определба дека Македонија како држава може и мора да оди напред. Во време на глобални економски турбуленции, овој Буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, на денешната седница во македонското Собрание, на која се дискутира за Предлог-буџетот за следната 2026 година. Додаде дека тоа е јасен и непобитен доказ дека Владата има план, има стратегија и има стабилен курс кон развој, како и економски раст, поддршка за компаниите и нови работни места. „Буџетот за…
Во белградската општина Врачар денеска дојде до вооружен инцидент во кој, според првични и неофицијални информации, е ранет сопственик на локален кафе-бар. Како што пренесува порталот Telegraf.rs, мажот бил застрелан во пределот на нозете и итно пренесен во Ургентниот центар. На местото на настанот веднаш пристигнале повеќе полициски патроли, како и екипи на Итната помош. Во рамки на потрагата по напаѓачот, српското Министерство за внатрешни работи ја активирало акцијата „Вихор“, што подразбира блокирање на клучни патишта и засилени полициски контроли низ поширокиот дел од градот.
Со половина плата ќе ја завршат годината вработените во јавните претпријатија „Комунална хигиена3 и „Паркови и зеленило“, затоа што состојбите во нив уште не секонсолидирани. Другите јавни претпријатија изминатиов период зеле и по две плати во еден месец, за да се надополнат заостанатите, соопшто градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според Ѓорѓиевски, финансиската состојба во дел од јавните претпријатија била лоша, посочувајќи на доцнење на платите и сериозни злоупотреби во трошоците. „Кога ја презедов функцијата, во одредени претпријатија платите доцнеа по два до три месеци. Состојбите постепено ги нормализираме“, изјави Ѓорѓиевски во одговор…
Проблемите со корупцијата на највисоко ниво произлегуваат пред сè од состојбите во правосудниот систем, изјави денеска вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски прашања за време на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“. Тој нагласи дека токму затоа е покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. „Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери“, рече Фетаи. Тој потсети…
Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици. На денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го потврди она што го вети во неговата кампања дека започнува со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Со оваа мерка, градот Скопје ја продолжува својата посветеност кон одржливост, енергетска ефикасност и модерно образование, обезбедувајќи современи и економично одржливи училишта за младите. „На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до…
Во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за давање согласност или мислења од страна на кабаре „Пулс“, ниту барање или пријава од правно или физички лица за објектот. Конфузијата на обвинителството која ја прави во мешањето на надлежностите и одговорностите прави да докажувам нешто што е очигледно, дека не постои моја вина ниту надлежност, изјави Шабан Салиу, кој беше на функцијата директор на ДЗС од 2008 до 2017 година во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан…
Денес го презентираме третиот стожер – Правна држава и институционална зрелост. Нашиот план се заснова на три основи, а тие се независност, професионалност и транспарентност.Првиот чекор и те како итно потребен, а тоа е независно судство. Судиите и обвинителите мора да напредуваат според компетентност, интегритет и резултати, а не според партиска припадност. Во овој дел дигитализацијата ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ја намали можноста за евентуални злоупотреби, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнува дека вториот чекор е администрација која ќе служи на граѓаните, а не командува. Јавната служба мора да биде според мерит-систем, а тоа значи професионална и ориентирана кон граѓанинот.…
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди. На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС, Игор Никовски, директор на Управата за животна средина и Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International. Веднаш по поздравните обраќања, свечено…
