Author: Author 03

По барање на Турција Интерпол издаде црвена потерница по осомничен за исчезнувањето на 25 килограми злато и 55 килограми сребро од судско депо во Истанбул. Судските службеници на почеток од месецот утврдиле дека од депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе, каде се чувале докази, недостигаат злато и сребро, чија вредност се проценува над 147 милиони лири (три милиони евра). Тие забележале и дека долго време е отсутен нивни колега. Турското обвинителство почна истрага при што е утврдено дека главниот осомничен од Истанбул полетал за Лондон. Со него била и неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница. Во…

Повеќе

Филозофскиот факултет останува клучна институција во развојот на македонското општество – темел на хуманистичката мисла, извор на научна извонредност и генератор на кадри што ја обликуваат државата повеќе од еден век. Ова беше главната порака на одбележувањето на јубилејот 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во своето обраќање ја истакна историската улога на факултетот во развојот на македонското општество и во создавањето генерации научници, истражувачи и општествени визионери. -Повеќе од еден век придонес кон градење на општеството, кон градењето на генерации научници, истражувачи и општествени визионери кои некогаш и сега…

Повеќе

Додека повеќето луѓе се подготвуваат за мирните зимски денови, ѕвездите предвидуваат турбулентен период за три хороскопски знаци. Претстојната зима нема да биде само промена на годишното време за нив, туку време на големи животни промени – без разлика дали на деловно, емоционално или лично ниво. Иако многумина ќе почувствуваат само суптилни промени, овие три знаци нема да можат да ги игнорираат превирањата што ги очекуваат. Јарец За упорните Јарци, зимата носи време за пресметка. Сè што трпеливо граделе низ годините, од кариерите до приватните врски, сега е пред голем тест. Многумина ќе се чувствуваат здодеани и ќе сфатат дека работата…

Повеќе

Утринското кафе често се смета за навика што ви помага да се разбудите, но состојките што се додаваат во него можат да имаат различни ефекти врз вашето здравје. Додека самото кафе може да има позитивен ефект врз метаболизмот, одредени адитиви можат да влијаат на регулирањето на шеќерот во крвта и телесната тежина. Според нутриционистката Лиса Ендрјус, два зачина особено се издвојуваат по своите потенцијални придобивки во овој контекст. 1. Цимет Циметот, миризлив зачин што доаѓа од внатрешната кора на дрвјата, одамна е познат по своите лековити својства. Неодамнешните истражувања сугерираат дека циметот може да помогне во забрзувањето на метаболизмот и…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН. „На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите.…

Повеќе

Нарушувањето на поларниот вртлог, што доведе до негово одвојување над северната хемисфера, испрати екстремно ладен арктички воздух од Канада во Северниот Атлантик. Ова предизвика формирање на силен циклон во средните географски широчини, кој се разви по должината на источниот брег на Северна Америка и почна да се движи кон Европа. Екстремно силен циклон со притисок од околу 930 mbar се наоѓа во близина на Њуфаундленд и продолжува да се развива експлозивно во текот на денешниот ден, пишува Severe Weather. Експлозивната бомбагенеза се следи во реално време во близина на Њуфаундленд, при што централниот притисок паѓа екстремно брзо во текот на…

Повеќе

На седницата на Централниот одбор на СДСМ се избра новото раководство на партијата. Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, како предлози на Венко Филипче. Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и Ана Чупевска, која ќе ја предводи новооформениот советодавен совет на партијата. Изненадување на седницата беше изборот на Александар Давчевски за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, додека поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, е меѓу новите членови. Венко Филипче исто така ги…

Повеќе

Унгарија го блокира годишниот документ за ставот на Европската Унија за процесот на проширување поради нејзиното отфрлање на преговорите за пристапување на ЕУ со Украина, изјави данската министерка за европски прашања, Мари Бјере Владата на премиерот Виктор Орбан соопштила дека нема да поддржи позитивна оценка за пристапувањето на Украина, според данската министерка. Сепак, тој елемент од оценката не може да биде отстранет бидејќи е поддржан од сите други земји на ЕУ, рече таа. Данска претседава со ротирачкото претседателство на ЕУ. – Имаме 26 земји-членки кои покажуваат силна поддршка за Украина, а Украина навистина ги исполнува обврските, објасни Бјере на маргините…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен битолчанец, бидејќи постои сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 15 декември, во казино на „Широк Сокак“, со закана дека непосредно ќе нападне со опасно орудие – секира врз животот и телото на една оштетена, барал да му се вратат парите, односно 8.600 денари кои ги изгубил играјќи на слот машините. Изнервиран поради изгубените пари, почнал да замавнува кон оштетената со секирата која ја донел со себе и…

Повеќе

Косовската претседателка, Вјоса Османи испрати молба до папата Лео 14 да ја признае независноста на нејзината држава. Османи имаше состанок во саботата, по што објави видео на социјалните мрежи во кое објасни дека тоа бил важен ден за односите меѓу Ватикан и Косово. Османи посочи дека Косово има историски врски со христијанството, при што посочи дека „дарданската земја“ на светот му дала личности како Скендербег, Мајка Тереза, но и други личности, а ТУКА погледнете ја изјавата на претседателката.

Повеќе