Author: Author 03

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, дополнително и поранешниот и актуелниот лидер исто така. Нема ништо ново, нема нова идеја. Сите наводно нивни конструктивни политики како опозиција се апсолутно неконструктивни. Креираат фиктивни сценарија, одредени заговори во јавноста, како со мигрантските кампови, тоа се само обиди да се избега од актуелните политички теми, како Законот за судскиот совет, со кој ќе се оневозможи да имаме вакво судство какво што го имаме – приватизирано или пристрасно судство. Потребна е правда и оваа власт ќе го…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Западот направил сè што сметал за потребно во СР Југославија и не се грижел за Повелбата на Обединетите нации. „Сè на Западот почна брзо да се деградира и Повелбата на ОН почна да се игнорира. Настаните во Југославија, што е тоа? Каде е Повелбата на ОН? Западните земји направија она што сметаа дека е потребно. Тие употребија директна воена сила. И на крајот, тие ја распаднаа Југославија и Србите“, рече Путин, како што објави Спутник. Според него, Западот верувал дека ќе може да ја уништи и распадне Русија за кратко време.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во работна посета во Брисел, каде што присуствуваше на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан. -Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ. Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес туку пред сè поради македонските граѓани,…

Повеќе

Помина буџетот. Минатиот буџет за оваа тековна година имаше предвидено 530 милиони денари за сите општини каде треба да се даваат плати за пожарникарите. Јас ветив дека ќе има зголемување. Целосната сума за секоја општина, ставивме една милијарда денари во нашиот буџет. Ова вечерва во Топ тема го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски. -Секоја општина ќе добие максимален број на средства. Подиректен да бидам, има и предлог-закон за пожарникари кој го направивме заедно со голем дел од синдикатите. Зборувавме за реформи каде што ќе се спојат повеќе институции. Ова е еден од сегментите, законот за кривична инфраструктура, законот за…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати предупредување до Белгија да не се согласи со плановите на Европската комисија за користење на замрзнатите руски државни активи за помош на Украина, пренесува ДПА. Пред утрешниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан изјави дека конфискацијата на овие средства би ја изложила Белгија на сериозна опасност, бидејќи го нарушува меѓународното право и ги загрозува белгиските компании кои управуваат со тие средства. -Секој судски спор ќе биде изгубен и на крајот некој ќе мора да ги врати конфискуваните средства, порача Орбан. Тој откри дека во кореспонденција со рускиот претседател Владимир Путин добил уверување дека Москва ќе…

Повеќе

Сексуалните работници на Балканот, здружени во СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, денес го одбележуваат 17 декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Овогодинешната кампања „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита“ ја посветуваат на црвениот чадор – симбол кој веќе 18 години ги обединува и го носи гласот на заедницата. Во фокусот е видео во кое три сексуални работнички ги споделуваат своите лични приказни за насилството и дискриминацијата со кои се соочуваат, како и потребата од заштита и видливост. „Сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се мета на родово…

Повеќе

Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на темата за Самитот на Европската унија-Западен Балкан, при што истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите, регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. ,,Овој Самит претставува исклучителна можност, токму челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка…

Повеќе

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120.000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија. Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту…

Повеќе

Донесената предавничка Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието освен што е предавство на Македонија е невидена и скандалозна. Власта на Мицкоски ја гуши демократијата, слободата на говор, мислење и политичко дејствување, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Ова е притисок, заплашување и обид за замолчување на опозицијата. Кога парламентот носи резолуција против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Режим 2.0. На местото на Груевизмот дојде Мицковизмот. Директен удар врз парламентарната демократија и создавање опасен преседан кој го поларизира општеството и ја заменува демократската дебата со политичко етикетирање. ДПМНЕ и ЗНАМ сакаат:…

Повеќе