Author: Author 03

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на социјалните мрежи се прости од својот член Ратко Даневски, кој прерано го загуби животот. „Со длабоко жалење и неверување ја примивме веста за прераното заминување на нашиот член Ратко Даневски“, се наведува во соопштението на УМС. Ратко Даневски беше активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а во еден период ја извршуваше и функцијата претседател на Општинскиот комитет на УМС во Виница. Меѓу своите сопартијци останува запаметен како вреден работник, искрен патриот и коректен и одговорен млад човек. Од Унијата истакнуваат дека неговото заминување претставува голема загуба, не само за организацијата,…

Повеќе

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа. Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа ова, И трето, затоа што Европската Унија останува привлечен и кредибилен…

Повеќе

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори. Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговци и посредници кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта. Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од…

Повеќе

На 16.12.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријави дека на 15.12.2025 околу 15:00 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П.-татко на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Јоана Танаскоска од Македонија е хоспитализирана во САД, каде е ставена во вештачка кома по сериозен епилептичен напад. Лекарите ја лекуваат со агресивни терапии за нејзиниот невролошки синдром, а закрепнувањето ќе биде долг процес под различни медицински третмани. Нејзините родители, Митко и Христина, апелираат за финансиска помош за покривање на скапите болнички трошоци. Семејството се надева на солидарност од сите кои можат да помогнат во овие тешки моменти. Донациите се можни ТУКА

Повеќе

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО за 2026 година е утврден на 528,2 милиони евра (623 милиони долари), додека воениот буџет ќе изнесува вкупно 2,42 милијарди евра. Одлуката беше донесена на состанокот на Северноатлантскиот совет во вторник. НАТО во соопштението соопшти дека заеднички финансираните буџети за 2026 година ќе поддржат критични капацитети и ќе ја промовираат подготвеноста, помагајќи алијансата да стане посилна, пофер и посмртоносна. Буџетот ќе придонесе за воената адаптација на НАТО, ќе…

Повеќе

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште во кое ќе се образуваат идните полициски службеници. Во образложението на Законот е наведено дека се предвидува ова средно образование да функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик…

Повеќе

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пред пратениците во Долниот дом на Парламентот оцени дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, при што најголемата закана не доаѓа однадвор, туку од внатрешната неспособност навреме да се носат одлуки. – „Убедени сме дека сложеноста на овој момент бара прагматичен пристап способен да оди подалеку од идеолошкиот догматизам. Верувам дека ова е најдобриот начин да се одговори на новата безбедносна стратегија на Америка. Бесмислено е и штетно да се извршуваат напади против имагинарен непријател, вистинскиот непријател е нашата неспособност да изнаоѓаме решенија“, истакна Мелони пред претстојниот Самит на ЕУ. Поддршка за Украина и правни…

Повеќе

Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска усвои закон за национална одбрана вреден 901 милијарда долари и го испрати на потпис во Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе изјави дека ќе го потпише законот, со што тој ќе стапи во сила. Сенатот го одобри предлог-законот со 77 гласа „за“ и 20 „против“, со поддршка од двете партии. Минатата недела истиот закон беше усвоен и во Претставничкиот дом. Со новиот закон се предвидуваат рекордни воени трошоци, вклучувајќи зголемување на платите на воениот персонал за четири проценти, инвестиции во вооружување и мерки за јакнење на конкурентноста на САД во однос на Кина…

Повеќе