- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
„„Го наследив хаосот, сега ја водам Америка кон победа“ – нагласи Трамп во годишното обраќање по првата година од неговиот мандат, не пропуштајќи да го искритикува својот претходник Бајден, поставувајќи ја главната рамка дека проблемите пред кои е исправена земјата не се негова одговорност. Во 20-минутниот говор се пофали дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли. Зборуваше за економските успеси на неговата администрација, како и за напорите за запирање на протокот на нелегална миграција. „Пред 11 месеци наследив хаос, сега го чистам. Кога ја презедов функцијата, инфлацијата беше најлоша во последните 48 години. Ова се случи за време…
Бензинот од утре ќе биде нешто поевтин, но возачите на дизел и понатаму ќе плаќаат иста цена. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за два денара по литар, додека цената на дизелот и на мазутот останува непроменета. Со оваа корекција се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 проценти во однос на претходната одлука. Од 19 декември, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува на досегашните 66,5 денари…
Работата е најдобра ресоцијализација. На тој начин што ќе оспособиме осудени лица или осуденички и ќе им дадеме занает, ние ќе им дадеме начин како кога ќе излезат од затворите да приходуваат за сопствениот живот, а да не се враќаат на криминалот, вели директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов и нагласува дека веќе година и половина, како е на функцијата, работат да се смени начинот бидејќи „за жал сега доаѓаат да ја одлежат пресудата, а не да ја одработат“. Пандов, кој денеска заедно со претседателот на Затворот „Идризово“ Зоран Јовановски оствари средба со Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која…
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Европската Унија постигна договор за забрзување на депортацијата на лицата чии барања за азил се одбиени, преку воведување на прва заедничка листа на таканаречени „безбедни земји на потекло“. Договорот е резултат на преговорите меѓу владите на земјите членки и Европскиот парламент. Според постигнатиот компромис, на заедничката листа ќе се најдат Мароко, Тунис, Египет, Косово, Колумбија, Индија и Бангладеш. Целта на мерката е да се овозможи побрза обработка на барањата за азил и поефикасно враќање на лицата чии апликации се одбиени. Како општ принцип, за безбедни ќе се сметаат и земјите кандидати за членство во Европската Унија. Ова правило може да…
Како епископ на градот Мира во Ликија, Свети Николај бил познат по својата праведност, смирение и несебична грижа за сиромашните, болните и угнетените. Народот го памети како заштитник на децата, морепловците, трговците и неправедно осудените. Неговите бројни чуда – спасување на луѓе од бродолом, помош на невини затвореници и тајна дарежливост кон сиромашните – го втемелиле неговиот углед како „Чудотворец“. По неговата смрт, Свети Николај продолжил да биде извор на утеха и надеж за верниците. Неговите мошти долго време мироточеле, а сведоштвата за чуда се ширеле низ целиот христијански свет. Затоа, тој се смета за еден од најголемите светители и…
Протестите во Литванија траат со недели поради обвинувања за политички притисок врз јавниот радиодифузен сервис ЛРТ (Литванска национална радио и телевизија). Повод за реакциите беше предлогот на владејачката коалиција за измена на правилата за разрешување на генералниот директор на ЛРТ, што предизвика силно незадоволство кај новинарите и пошироката јавност. Новинарите и граѓаните најавија еднонеделни протести, кои кулминираа на 9 декември со масовен митинг пред парламентот, на кој присуствуваа околу 10.000 луѓе. И покрај јавното противење од литванската и европската медиумска заедница, парламентот (Сејмот) продолжи со разгледување на предложените законски измени. Како форма на отпор, новинарите од ЛРТ започнаа да ги…
Речиси четири години поминаа од почетокот на војната меѓу Украина и Русија, а во моментов САД, Европа и останатите преговараат за мир. Деталите од потенцијалниот договор биле претставени на преговорите во Берлин. САД планира Сенатот да го ратифицира договорот, со што би стапил на сила и Американците би биле главни во посредување во споровите, пишува британски „Телеграф“ Според планот, американски борбени авиони Ф-35, проектили „Томахавк“ или слични системи стационирани на НАТО ќе се користат за противнапад во случај Москва да го прекрши примирјето. Теоретски, американските сили би можеле да ѝ помогнат на Украина да изведе прекугранични удари против руската воена…
Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари. Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. 3 години порано ја пуштија надвор од затвор за 3…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х.(55) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 09.12.2025 во семејниот дом, пријавениот не го почитувал решението издадено од Основен суд Тетово за заштита од семејно насилство и упатувал закани на неговата сопруга.
