Author: Author 03

Четириесет и четири годишен маж од Градско се здобил со повреда на глава и исчашување на рамо откако со автомобил излетал надвор од коловозот на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река. Како што информираа денеска од СВР Велес вчера околу околу 07:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на река Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел изјави дека не е јасно како ќе завршат денешните разговори меѓу европските лидери за финансирање на Украина, но нагласи дека земјата веднаш мора да обезбеди нови средства поради проектиран дефицит од 45 до 50 милијарди евра за следната година. Тој предупреди дека без дополнителни средства Украина ќе биде принудена да го намали производството на беспилотни летала, потенцирајќи дека обезбедувањето финансии е критично за одбраната на земјата. Зеленски додаде дека Украина прави сè што може за да ја заврши војната, но дека нема гаранции за успехот на овој процес, особено со оглед на недостатокот на…

Повеќе

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски. Тој додаде дека според последните информации, просечната откупна цена изнесува околу 419,84 денари за килограм, што е за речиси 20 денари повеќе во споредба со минатата година. „Очекувам, доколку продолжи ваквата динамика, откупот на тутунот од…

Повеќе

На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

До 25 декември, астролошките конфигурации укажуваат дека Стрелецот, Лавот и Близнаците имаат зголемена шанса за добивка преку игри на среќа. СТРЕЛЕЦ Кај Стрелецот, влијанието на Јупитер е активно, што го засилува чувството на вера, оптимизам и интуиција, па затоа овој знак може да има добро внатрешно чувство кога е вистинско време да се обиде, особено ако остане умерен и не претерува под влијание на ентузијазмот. ЛАВ Лавот влегува во период на зголемена самодоверба и лична сила, што му дава храброст да презема ризици , но му се советува да го слуша разумот исто колку и егото, бидејќи среќата доаѓа кога знае да…

Повеќе

Повеќе лица загинале при уривање на приватен авион „Цесна С550“ во близина на регионалниот аеродром Стејтсвил во американската сојузна држава Северна Каролина, јавуваат американски медиуми. Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време, кога леталото се урнало во близина на пистата и се запалило. Снимките од местото на настанот покажуваат густ црн чад што се издигал од остатоците на авионот. Од канцеларијата на шерифот во округот Иредел потврдија дека има повеќе жртви, но засега не соопштуваат точен број. Деталите за бројот на патници и идентитетот на загинатите дополнително ќе ги соопшти полицијата на Северна Каролина.

Повеќе

Дознајте зошто се верува дека ако ја украсите вашата елка на овој датум, среќата ќе ве следи во текот на целата година. Постои еден посебен датум за украсување на вашата елка: 19 декември – Ден на Свети Никола. Според верувањето, ако ја украсите вашата елка на овој датум, среќата ќе ви биде сојузник во текот на целата година. Овој ден носи симболика на заштита на домот, заедништво и просперитет. Луѓето го паметат затоа што носи чувство на топлина и радост, а украсувањето на елката на овој ден не е само празничен ритуал, туку и момент кога домот е исполнет со…

Повеќе

Новиот кадар на СДСМ, Јована Тренчевска, е всушност кадар на Заев, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за потпретседателката на опозициската партија. „Се што треба да знаете за новиот кадар на Венко, Јована Тренчевска, е дека е од Струмица, исто како и Зоран Заев. Таа е државен секретар во Министерството за труд и социјална политика кога Заев е премиер. Потоа станува директор во неговата влада на Инспекторатот за труд, како и министер за труд и социјална политика. Ова се истите кадри на Заев“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Младите во земјава сè порано стапуваат во контакт со тутунот, алкохолот и другите психоактивни супстанции, покажуваат резултатите од најновиот извештај на Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, кој денеска беше презентиран од Институт за јавно здравје. Според наодите, дел од учениците ја запалиле првата цигара уште на 9-годишна возраст, додека првото искуство со алкохол најчесто се случува на 13 години, што експертите го оценуваат како сериозен сигнал за институциите, родителите и образовниот систем Истражувањето е спроведено во текот на 2024 година во 96 средни училишта и 182 паралелки, со вкупен примерок од…

Повеќе

Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години. По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Повеќе