Author: Author 03

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат: 20.12.2025 година (сабота) : Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Љубанци, поточно делот кон Црквата Св. Јован. ( Општина Бутел )

Повеќе

Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи. На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, мониторинг на компримираниот воздух, верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми, тестирање на антимикробната ефикасност, потврда за ефикасноста на дезинфициенсите, како и други анализи, во согласност со регулаторните барања. Оваа најнова…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. – Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“. Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија би…

Повеќе

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола на пазарот на труд, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегални практики. Со измените на Законот за странци се предвидуваат построги здравствени критериуми, како и задолжително познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ. Граѓаните на трети земји, меѓу кои и Македонија, при аплицирање за прва дозвола за привремен престој ќе мора да достават потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Познавањето на хрватскиот јазик се наведува како клучна основа за интеграција на странските работници. Државниот секретар Иван…

Повеќе

На 18.12.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Т.М.(55) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Украински хор по повод Божиќ ја изведе светски познатата божиќна песна „Шчедрик“ во машинската сала на електраната ДТЕК, која е тешко оштетена во руските напади. Настапот, реализиран меѓу бетон, метал и уништена опрема, остави силен и длабоко трогателен впечаток. Изведбата симболично ја пренесе пораката за истрајност и надеж, дури и во услови на војна и разурнување. Просторот во кој одекнуваше музиката сведочи за последиците од нападите врз енергетската инфраструктура, но и за духовната сила на украинскиот народ. По почетокот на руската инвазија, властите во Киев донесоа одлука Украина да го одбележува Божиќ според западниот календар, односно на ист датум како…

Повеќе

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон, соопшти ТИТАН УСЈЕ приложувајќи табела од дневните мерења за денеска, 19 декември. „Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите“, велат од ТИТАН УСЈЕ и потсетуваат дека работењето е постојано следено од Државниот инспекторат за животна средина. Компанијата потсетува дека работата без филтрите всушност е…

Повеќе

Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието. За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето. „За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправилности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(18) и И.Б.(18) од с.Порој, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.09.2025 во приватното училиште во тетовско село, по претходни недоразбирања, пријавените физички нападнале 16-годишник од с.Врапчиште, гостиварско.

Повеќе

Доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, од 2029 година ќе се префрли од телевизијата Еј-Би-Си на платформата Јутјуб, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки. Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо. Со овој договор Јутјуб станува главна дигитална платформа за сите содржини поврзани со Оскарите, вклучувајќи го преносот од црвениот тепих, доделувањето на Гувернерските награди и објавувањето на номинациите. Свеченото доделувањета ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум…

Повеќе