- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
Американската армија планира да купи најмалку еден милион дронови во следните две до три години и може да набавува од половина милион до еден милион дронови годишно во наредниот период, изјави секретарот на армијата Даниел Дрискол. Во интервју за Ројтерс, Дрискол опиша значително проширување на планот за набавка на беспилотни летала, признавајќи дека тоа претставува предизвик со оглед на сегашниот капацитет — околу 50.000 дронови годишно. – Тоа е голем предизвик. Но, тоа е предизвик со кој сме целосно способни да се справиме, рече Дрискол, пренесе БТА. Малите и евтини дронови се покажаа како моќно оружје во конфликтот меѓу Русија…
Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и уште 36 други лица, поради нивната наводна улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека налозите се издадени по обемна истрага за „систематските напади на Израел врз цивили во Газа“, оценети како геноцид и злосторства против човештвото. Истрагата започнала по пријави поднесени од жртви и претставници на Глобалната флотила „Сумуд“, хуманитарна мисија што била пресретната од израелските поморски сили додека се обидувала да достави помош во Газа. Според обвинителството, доказите од жртви, очевидци и меѓународно право укажуваат дека израелските воени и…
Утре православните христијани го слават Свети Димитриј Солунски, ден познат како Митровден, празник посветен на великиот христијански воин и заштитник од злото. Освен црковното значење, овој ден е обвиткан со народни верувања поврзани за предвидување на зимата, но и за тоа како да се внесе благослов во домот. Се верува дека токму вечерва, сите големи работи мора да се завршат до полноќ – од договори и плаќања, до чистење и средување на домот, за да ја привлечеме среќата во текот на целата година. Домот треба да биде чист и уреден, со запалена свеќа или кандило пред иконата на светителот, а…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди. Изјавата ја даде за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап до море, рече американскиот претседател пред новинарите на почетокот на разговорот. Трамп ја повика Европа да „ја почитува Унгарија и нејзиниот лидер Орбан“.
Чисто Скопје – чиста Кисела Вода! Поддршка за сите кои неуморно од вчера активно учествуваат во акцијата за собирање смет низ сите населени места. Акцијата продолжува и вечерва – кога се сака, сè се може! Испразнивме преполни контејнери и покажавме дека заедно можеме да направиме вистинска промена! Напиша на Фејсбук градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменскоска Трајкоска.
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во ревизијата на Обединетите нации за својата евиденција за човекови права, оставајќи ги празни своите места на денешната седница на работната група на Советот за човекови права во Женева. Вашингтон, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, што групата формално го забележа како „недостиг на соработка“, пренесе ДПА. Иако одлуката нема непосредни последици, работната група ги покани САД да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштение, американската мисија во Женева изјави дека ОН „лажно се претставуваат дека се грижат за човековите права“, обвинувајќи ја организацијата дека им дозволува на…
На 06.11.2025 година во 19:45 часот во ПО Теарце, 54-годишен маж од с.Одри, заедно со неговиот 13-годишен малолетен син, пријавија дека истиот ден околу 18:45 часот, додека неговиот малолетен син бил заедно со неговите другари од селото и седеле во дворот на основното училиште во селото, непознато лице кон нив фрлило тврд предмет и му нанело телесни повреди на неговиот син, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 односно „Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“. За петтоосомничената Ј.К Судот го прифати променетиот предлог на…
Орце става ред на хаосот во Чаир! После години се појави пајак и собира непрописно паркирани коли. Има надеж за Скопје!, стои во објавата на фб на МКЗабава. Линк до постот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа во Вашингтон. Состанокот, означен како симбол на блиските односи меѓу САД и Унгарија, доаѓа во момент кога Орбан се обидува да зајакне дипломатски контакти со Вашингтон и да промовира идеја за мировен дијалог меѓу Западот и Русија. Двајцата лидери, кои се познати по своите конзервативни ставови и слични политички пристапи, разговараа за безбедносните прашања во Европа, миграцијата, енергетската соработка и тековните геополитички предизвици поврзани со војната во Украина. Средбата беше проследена со национални знамиња на САД и Унгарија, а во официјалната изјава Белата куќа порача…
