- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Од 18:40 ч. ГП Евзони е блокиран за сите видови сообраќај за влез во Р. Грција, а излезот работи само за ТМВ.
Поранешниот министер за земјоделство и рурален развој на Црна Гора, Милутин Симовиќ, е уапсен утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство, дознава „Вијести“. Симовиќ е приведен утрово во Никшиќ, но „Вијести“ во моментов нема информации за тоа на која нова истрага се однесува апсењето или за што се товари поранешниот министер. Поранешниот раководител на секторот за земјоделство беше уапсен и на 13 декември минатата година за нелегално исплаќање пари од Агробуџетот, што, според сомневањата на Специјалното државно обвинителство (СДТ), на државата ѝ предизвикало штета од 300.000 евра, пишува „Вијести“. Во тоа време, истрага беше отворена и против друг поранешен министер…
Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа. Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал. ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.
ИКЕА е во завршни преговори за влез во Македонија. Шведско-Македонската стопанска комора е вклучена во преговорите за влез на ИКЕА на пазарот во Македонија. Е-поштата испратена од SeeNews до IKEA со која се бара потврда за извештајот остана неодговорена до моментот на објавување. На други места во регионот, ИКЕА е присутна во Хрватска, Словенија, Србија, Романија, Бугарија и Грција.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово, информира ЈП Македонијапат. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На 21.12.2025 во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 21:30 часот во с.Ораовица, радовишко, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В.(46) од с.Ораовица, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. од истото село. Во незгодата, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Запознаен е јавен обвинител и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денес на седницата на Комисијата за политички систем, го усвоивме Предлогот на закон за Судскиот совет на Република Македонија, по сеопфатна, аргументирана и конструктивна дебата, информира пратеникот Љупчо Пренџов. -Како претседател на Комисијата, изразувам задоволство од нивото на дијалог, одговорност и посветеноста на сите учесници во процесот. Овој закон е важен чекор кон зајакнување на независноста, транспарентноста и отчетноста на судскиот систем, што е од клучно значење за владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите, посочи тој. „Продолжуваме со реформски чекори во насока на стабилен, праведен и ефикасен правосуден систем“, рече Пренџов.
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има, реагираат од СДСМ. Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот. Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија. Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши,…
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, во второ читање, расправаше за предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија. До членовите на собраниската комисија и Министерството за правда претставувано од заменик министерот Ален Деребан, беа предложени повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за начинот на избор на членови на Судскиот совет. Деребан информира дека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои Предлог-Законот за Судски совет на второто читање. Беа разгледани вкупно 19 амандмани. Дел од нив беа прифатени и оценети како правно и системски издржани.-Предлог Законот за Судски совет уредува:-Јавност и транспарентност при избор…
Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро. Се верува дека никој не е повреден, а според очевидци, за среќа авионот се движел бавно. „Беше ужасно, иако пилотот се јави и се преправаше дека не е толку сериозно“, рече патникот.
