- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Три лица се тешко повредени денеска во експлозија и пожар во хемиска фабрика во близина на југоисточниот француски град Лион, соопштија локалните власти. Префектот на департманот Рона на „X“ напиша дека на луѓето им е советувано да ја избегнуваат областа и да останат во затворен простор, но дека „во овој момент“ нема ризик од труење за локалните жители. Четврто лице е полесно повредено и пожарот е под контрола, додаде тој. На местото на настанот се испратени околу 100 пожарникари. Главните патишта, железничките и речните патишта низ целата област се затворени. Елкем, норвешката хемиска компанија која е сопственик на фабриката, произведува…
Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот, Ангелина го продолжила животот во молитва, грижејќи се за своето семејство и помагајќи им на сиромашните и немоќните. Во народното предание, Преподобна Ангелина се смета за заштитничка на семејството, мајките и жените, а верниците ѝ се молат за мир во домот, здравје и духовна сила. Нејзините мошти се чувале како голема светиња, а нејзиниот живот останал пример за вера и пожртвуваност и во најтешките времиња. На овој ден,…
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што најмалку десет лица се повредени. Според локалните медиуми, најмалку три лица се тешко повредени. Полицијата соопшти дека во моментов не може да утврди дали несреќата е предизвикана намерно. Групата луѓе која беше удрена чекаше да помине парадата. На местото на настанот брзо пристигнаа службите за итни случаи, меѓу кои амбулантни возила, противпожарни возила и полициски екипи. Исто така, три хеликоптери за брза помош беа испратени во градот Нунспет. Поради несреќата, годинешната божиќна парада во Нунспет, која се одржува секоја година, беше откажана.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, категорично ги отфрли шпекулациите дека Македонија ќе прифаќа мигранти или одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство. „Во ниту една форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Обединетото Кралство“, изјави Муцунски. Муцунски додава дека опозицијата ширела паника, и покрај тоа што Владата јасно ги демантирала овие тврдења: „Ниту одбиени баратели за азил. Ниту ќе бидат во посебни… Ни тоа, ни тоа нема да го има. Никаков пакет поврзан со мигранти или одбиени баратели…
Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се повлече од челната позиција во партијата по неговиот трет мандат е потег за почит, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. -Често мислев дека на крајот, претседателот Мицкоски сепак ќе донесе поинаква одлука, бидејќи логично е да не кажете дека заминувате по четири години и да продолжите, земајќи ја предвид популарноста на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но и изборните успеси коишто ги имаше, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на премиерот и…
Министерството за внатрешни работи ја споделува анализата од Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 подготвен од МЦМС, која покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати. Дополнително, оцените на граѓаните за перцепцијата на корупцијата меѓу службениците покажуваат тенденција на намалување, што укажува на подобрена институционална дисциплина и успешни напори за намалување на коруптивни практики. Јавноста исто така ги препознава МВР и Владата…
Основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната во Украина е подготвен, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски, наведувајќи дека се подготвени вкупно 20 точки од мировниот план, како и дека се завршени нацрт-документите за безбедносни гаранции меѓу Украина и партнерските земји и нацрт-документот за обнова на земјата.„Според мене, сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе направено. Постои план од 20 точки. Не е сè совршено, но планот постои“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.Украинскиот претседател додаде дека се подготвени рамковни документи за безбедносни гаранции меѓу Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави,…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца, и овојпат покажа дека хуманоста и грижата се во сржта на локалната самоуправа. Во духот на празничната магија и солидарноста, беше организирана посебна вечер исполнета со радост, насмевки и детска среќа, наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“. Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки. Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките…
Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија, поточно добро познатиот систем „Панцерфауст 3“, како дел од тековната безбедносна и одбранбена соработка меѓу двете земји, објавија косовските медиуми. Според соопштението, целта на испораката е зголемување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС), придонесувајќи за нивна постепена модернизација и усогласување со стандардите на евроатлантските партнери. Косовските власти нагласуваат дека опремата ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ се смета за еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се смета за уште еден доказ за поддршката на Берлин за стабилноста…
„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила, она коешто се бара од нив тоа е да испорачаат неселективна правда“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на…
