- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Подгответе ги чадорите и топлата облека. Од крајот на денешниот ден, земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат значителна промена на времето, токму во деновите пред католичкиот Божиќ. Според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе се задржи во текот на наредните два дена, на 24 и 25 декември 2025 година. Дожд и снег – значителни количини Врнежите нема да бидат занемарливи. На некои места се очекуваат пообилни количини на воден талог, кои може да надминат 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег, а љубителите на зимските…
Mакедонските државјани кои се на привремена работа во странство во пресрет на празниците допатуваа дома, да оморат и да се видат со поширокото семејство. Со оглед дека за Католичкиот Божиќ во повеќето европски земји е празник и неработен ден, нашите работници оттаму, традиционално ги искористуваат слободните денови за да се вратат во татковината. . Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле над 36 илјади македонски државјани. – На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани.…
Во вчерашното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за активностите насочени кон зајакнување на економската и политичката соработка со Обединетите Арапски Емирати. Притоа, тој информираше за сериозен интерес за инвестирање во државата, како и за подготовка и склучување на два значајни договори во областа на економската и трговската соработка. „Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот Муцунски. Тој…
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, заедно со неговата ќерка Џу Ае, присуствуваше на отворање на нови хотели и го пофали економскиот напредок на земјата, објавија севернокорејските државни медиуми. За време на викендот беа отворени пет хотели во туристичката зона Самџијон, во близина на границата со Кина. Ким истакна дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и потенцијалот за развој на нашата земја“. Минатата недела тој присуствуваше и на отворање на три регионални фабрики како дел од подготовките за партискиот конгрес на Работничката партија на Кореја, кој треба да се одржи на почетокот на 2026 година.…
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека: » Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. » Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62 % во 2015 на 49 % во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата. » Две компании – „Алкалоид Конс“ и…
Oпштина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи на 29 декември на Боемска 1, во Дебар Маало. „Ветувам добро и незаборавно расположение. За сите подготвивме по нешто – од утринските, па сѐ до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Предновогодишната програма започнува во 11 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат „Златните славејчиња“, хорот на ООУ „11 Октомври“ и танцовиот клуб „Еурека“. Кристијан Бенито ќе го изведе своето магионичарско шоу, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња. Празничната атмосфера…
Две лица од Охрид правеле измами во системот на Фудбалската федерација на Македонија СВР Охрид – Одделението за криминалистичка полиција и Одделението за економски криминал поднеле кривична пријава против Ц.М и Н.Ц поради сомнение за сторени две кривични дела – „Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавените, во својство на претседател и секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид, во текот на 2024 година во повеќе наврати внеле лажни, неточни и нецелосни податоци во КОМЕТ системот на Фудбалската федерација на Македонија. Се наведува дека биле евидентирани натпревари кои…
Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку писмена реакција испратена до медиумите. Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега на…
Европската комисија ги прекина сите исплати од ИПАРД 3 програмата поради сериозен корупциски скандал во кој е приведен директорот на Платежната агенција, кадар на ДПМНЕ. Земјоделците останаа без пари поради корупцијата на власта, реагираат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Ова е најголемиот корупциски скандал со европски фондови досега бидејќи ИПАРД 3 програмата е вредна околу 130 милиони евра. Сега истрагата мора да оди до крај и да ги опфати сите инволвирани, не само приведениот директор од ДПМНЕ. Тој е близок соработник на Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Мицкоски додека неговата сопруга пак е…
Официјално започна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи по новогодишните и божикните празници, на 11 јануари 2026 година. Согласно Роковникот за изборни дејствија, кампањата за првиот круг започна на 22 декември на полноќ и ќе трае до 9 јануари, кога стапува на сила изборниот молк пред денот на гласање. Во општина Гостивар, за градоначалничката функција ќе се натпреваруваат Невзат Бејта, кандидат на коалицијата „Вреди“, и независниот кандидат Ваљбон Лимани од НАИ. Во Врапчиште, кандидатската трка ја водат Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири, кој…
