- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
- Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
- Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
- Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка на регионот
- Шкорпијата да најде рамнотежа, а на Водолијата креативните идеи ќе дојдат до израз
- Петрушевски: Слугувањето на Филипче на Софија му се удира од глава
- Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија
Author: Author 03
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд, во идентични објави на платформата Икс. Повод за реакцијата беше изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри, кој рече дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“. „Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот“, наведоа Кошта и Фон дер Лајен. Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет…
Администрацијата на Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи амбасадски позиции, во обид да го преобликува дипломатскиот став на САД во странство, со персонал за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на претседателот Доналд Трамп „Америка на прво место“. Шефовите на мисии во најмалку 29 земји беа информирани минатата недела дека нивните мандати ќе завршат во јануари, според двајца претставници на Стејт департментот, кои зборуваа под услов на анонимност за да разговараат за внатрешните движења на персоналот. Сите тие ги зазедоа своите позиции во администрацијата на Бајден, но преживеаја почетна чистка во првите…
Во изминатиот период се одржа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа и претставници на Кошаркарската федерација на Македонија, на кој од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски. На состанокот беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, која беше оценета како успешна и континуирана. Притоа беа анализирани позитивните практики и квалитетните облици на соработка реализирани во изминатиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од понатамошно унапредување на односите и вложување заеднички напори за усогласување на актите и регулативите на ФИБА со актите и…
Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на границата со Полска. Покрај авионите, копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во висока готовност, соопшти полската армија на платформата Икс. Од армијата посочуваат дека преземените мерки се превентивни и имаат за цел целосно да го заштитат воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на ризичните региони.
Подгответе ги чадорите и топлата облека. Од крајот на денешниот ден, земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат значителна промена на времето, токму во деновите пред католичкиот Божиќ. Според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе се задржи во текот на наредните два дена, на 24 и 25 декември 2025 година. Дожд и снег – значителни количини Врнежите нема да бидат занемарливи. На некои места се очекуваат пообилни количини на воден талог, кои може да надминат 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег, а љубителите на зимските…
Mакедонските државјани кои се на привремена работа во странство во пресрет на празниците допатуваа дома, да оморат и да се видат со поширокото семејство. Со оглед дека за Католичкиот Божиќ во повеќето европски земји е празник и неработен ден, нашите работници оттаму, традиционално ги искористуваат слободните денови за да се вратат во татковината. . Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле над 36 илјади македонски државјани. – На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани.…
Во вчерашното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, говореше за активностите насочени кон зајакнување на економската и политичката соработка со Обединетите Арапски Емирати. Притоа, тој информираше за сериозен интерес за инвестирање во државата, како и за подготовка и склучување на два значајни договори во областа на економската и трговската соработка. „Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот Муцунски. Тој…
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, заедно со неговата ќерка Џу Ае, присуствуваше на отворање на нови хотели и го пофали економскиот напредок на земјата, објавија севернокорејските државни медиуми. За време на викендот беа отворени пет хотели во туристичката зона Самџијон, во близина на границата со Кина. Ким истакна дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на нашиот народ и потенцијалот за развој на нашата земја“. Минатата недела тој присуствуваше и на отворање на три регионални фабрики како дел од подготовките за партискиот конгрес на Работничката партија на Кореја, кој треба да се одржи на почетокот на 2026 година.…
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека: » Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. » Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62 % во 2015 на 49 % во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата. » Две компании – „Алкалоид Конс“ и…
Oпштина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи на 29 декември на Боемска 1, во Дебар Маало. „Ветувам добро и незаборавно расположение. За сите подготвивме по нешто – од утринските, па сѐ до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Предновогодишната програма започнува во 11 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат „Златните славејчиња“, хорот на ООУ „11 Октомври“ и танцовиот клуб „Еурека“. Кристијан Бенито ќе го изведе своето магионичарско шоу, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња. Празничната атмосфера…
