- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Иако со месеци се зборува за регулација и евиденција на влијателните личности на социјалните мрежи, резултатите на терен се поразителни. Во Регистарот на физички лица кои даваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, што го воспостави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), досега е регистрирано само едно лице. Ова беше соопштено на денешниот четврти јавен состанок на Агенцијата, каде директорот Зоран Трајчевски ги презентираше активностите за последниот квартал од 2025 година. Под поимот даватели на АВМУ услуги по барање спаѓаат инфлуенсерите, влогерите и креаторите на содржини кои остваруваат економска корист од своите објави. За да се олесни процесот и…
Комеморацијата за актерот Лазе Манасков ќе се одржи утре, 24 декемви во 12 часот во Драмски театар Скопје. На 67-годишна возраст, на 20-ти декември, почина македонскиот актер Манасков. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија. Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска – Давкова рече сите ние ќе ја носиме траумата од трагедијата во Кочани посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување. –…
Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои! Со срце полно љубов и надеж, денес ги посетивме дечињата кои се на лекување во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца – Козле, Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Новогодишните пакетчиња и подароци беа мал, но искрен обид да им донесеме насмевка, топлина и чувство дека не се сами во овие тешки моменти. Оваа посета е израз на длабока грижа и поддршка за најмалите херои, кои секојдневно водат свои тивки, но храбри битки. Нашата желба е, барем накратко, да…
Со дополнување на доказната постапка и завршни зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје заврши судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во текот на денешното рочиште одбраната достави дополнителни докази, меѓу кои медицинска документација, резултати од лабораториски анализи и радиолошки извештај, сите од 12 декември 2025 година. Бранителот на обвинетиот, адвокатот Гоце Ристески, изјави дека документацијата е обезбедена…
На 23.12.2025 во СВР Скопје, 69-годишна жена пријави дека на 20.12.2025 во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзината 30-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Али Ахмети се уште живее во времето пред повеќе од 20 години. Вака министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ одговара на условите на ДУИ за внесување на бадентеровиот начин на гласање при изборот на Влада но и при носењето на одлуки во Уставниот суд. Токму овие услови ДУИ ги постави како клучни за нивно учество во некоја идна влада. Партискиот лидер Ахмети по поразот на локалните избори ја задржа челната позиција во партијата па со последните промени направени викендов почна да ги гради како што тој самиот најави новите позиции на партијата. Но во ВМРО-ДПМНЕ се на ставот…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата. Поскапувањето ќе изнесува: Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека ова се значително пониски корекции од предложеното зголемување од страна на ЕВН ХОМЕ, кое беше многу поголемо: 7,66% за првиот блок и до 11,86% за четвртиот. Според РКЕ, за 85% од домаќинствата, поскапувањето ќе изнесува околу 2,28% или 57 до 70 денари на просечната месечна сметка.
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, изјави на денешната Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор. Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување. Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа. Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците,…
ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор. Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ, обивни на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал. Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни…
