Author: Author 03

130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања, Николовски бара оставка од Трипуновски Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана но ниту презеде одговорност ниту понуди решенија. „Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски. Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани- Делчево. Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска…

Повеќе

Утрово неочекувано студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и пријатно време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од –3 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со повремена облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе се искачи до 16 степени. Во наредните денови следува стабилен и сув период, со постудени утра и можност за појава на утринска магла во одделни котлини. Преку ден ќе преовладува сончево…

Повеќе

Кога ќе добиета плата, направете список на сè што треба да платите, од комунални услуги и заеми до осигурување. Организирајте ги остатокот од парите, така што ќе завршите со одредена сума што ја ставате настрана. Платете ги долговите што е можно поскоро Фактот дека имате многу да платите создава чувство на стрес, а тоа може да има лош ефект врз деловната продуктивност, што е клучно за заработка. На крајот на краиштата, тешко е да заштедите ако должите нешто цело време. Најпрво исплатете ги најмалите долгови и преминете кон поголемите. Математички можеби не е најпаметно, но психолошки е најлесно. Поставување детални…

Повеќе

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре, 13 ноември 2025 година, поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа, повеќе делови од Тетово и околните села ќе останат без електрична енергија. Без струја во периодот од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат: Во Селце, прекинот ќе трае од 09:04 до 14:04 часот, а без струја ќе бидат објектите кои се наоѓаат на излез од селото кон патот за Вејце.

Повеќе

Низ целиот свет, првите зраци на сонцето ја најавуваат мелодичната песна на птиците, но научниците сè уште се обидуваат да откријат зошто птиците чувствуваат потреба за толку гласен утрински концерт. Ново истражување, кое сè уште чека рецензија, нуди можен одговор со проучување на однесувањето на птиците Taeniopygia guttata. Интензитетот на нивните песни се чини дека е воден од исчекувањето на изгрејсонцето кое се зголемува во текот на ноќта, објавува Science Alert. Во лабораториски услови, мажјаците од овој тип птици спонтано пеат стотици песни кога има светлина, но замолкнуваат во целосен мрак. Овој факт ги поттикна научниците да истражат точно како интеракцијата…

Повеќе

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека неодамна објавената статија на британскиот весник Фајненшл тајмс за можната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, имала цел да го наруши процесот на преговори меѓу двете земји. – Оваа статија во „Фајненшл тајмс“ беше напишана со совршена прецизност. Беше прилагодена на задачата што ја поставија. А кои се тие? Британците, се разбира… И не британските новинари како такви, туку оние што стојат зад и над нив. Затоа што, според нив, мора да се направи сè за да се наруши процесот…

Повеќе

Американските акции беа во позитива на почетокот на денешното тргување, поттикнати пред сè од обновениот раст на вредноста на технолошките компании. Акциониот индекс Dow Jones порасна за 104 поени, или 0,2 проценти, S&P 500 за 0,4 проценти, а Nasdaq за 0,6 проценти, објави CNBC. Акциите на производителот на електроника AMD скокнаа за повеќе од шест проценти откако извршната директорка Лиса Су изјави дека американската компанија очекува вкупниот пазар за делови и системи за центри за податоци за вештачка интелигенција да достигне 1 трилион долари до 2030 година.

Повеќе

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни обвинувања за случувањата во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според него, во ова градско претпријатие биле евидентирани лица кои воопшто не извршувале работни обврски, а меѓу нив имало и затвореници. „На платниот список има луѓе кои не доаѓаат на работа, а некои од нив воопшто не се на слобода. Се работи за злоупотреба на јавни пари и систем кој мора итно да се расчисти,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе побара од надлежните институции целосна истрага за случајот. Тој порача дека јавните претпријатија треба да бидат симбол на чесна работа и одговорност, а…

Повеќе

12-годишник со остар предмет нападнат во скопски Центар, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (11.11.2025) во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријавил дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот Малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе