- (ФОТО) Дрога во Пошта во Скопје: Од Франција стигнала сомнителна пратка со кокаин и метамфетамин наменета за Американец
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со години ги лажеше граѓаните, новата Влада веќе вложува во здравството
- Економски пресврт во Истанбул: Николоски на средба со турските министри за поголема трговска размена
- Свежо за викендот, затоплување од понеделник: УХМР најави и кога се враќаат новите врнежи од дожд
- Охриѓанец кривично ќе се гони: Изградил семејна куќа на државно земјиште во Трпејца
- Тепачка меѓу малолетници: Расправија на куќна забава во Вевчани заврши со повреден ученик
- Драма во Македонија: Пензионер ја истепал сопругата – Итно пренесена во болница
- Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет
Author: Author 03
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот. Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година. Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи…
По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки против аерозагадувањето стапуваат на сила и во Скопје. Мерните инструменти покажаа дека горната граница на загаденост е надмината во повеќе скопски општини, но и во други градови низ Македонија, а маглата дополнително ја влошува ситуацијата. Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории. Ослободување од работа и медицински препораки Главната мерка на Владата е насочена кон работодавците. Тие се задолжени да ги ослободат од работни обврски: Лекарите пулмолози упатија апел до сите граѓани – ако немаат итна потреба, да не излегуваат…
Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Ејде одговори на бранот критики во британската јавност, во врска со елката што Норвешка традиционално му ја подарува на Лондон и којашто беше поставена на плоштадот „Трафалгар“. Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи, изгледот на елката е оценет како разочарувачки, со иронични споредби со „тажниот кактус“ и тврдења дека елката изгледа како да е „погодена од торнадо“. Сепак, Ејде нагласи дека тоа е симбол чијашто вредност далеку ги надминува естетските впечатоци. – Многу сме горди на нашата елка и на оваа традиција, истакна Ејде. Тој потсети дека елката е „непроценлив подарок“…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Загреб треба да го гледа својот интерес и да „не се пика во Коалицијата на подготвените“. -Во овие моменти на конфузија во Европа и драма која сè уште чека катарза во Украина, каде што загинаа илјадници војници, можеме само да се надеваме дека ќе има повеќе разум. Не сакам хрватските политичари и лидери да бидат меѓу виновните и одговорните, бидејќи нема потреба за тоа, изјави Милановиќ на прославата на 34-годишнината од Хрватската воена академија „Д-р Фрањо Туѓман“ во Загреб. Тој предупреди дека „Европа драматично се сменила“, но има промена и во НАТО поради…
На 19.12.2025 во 03:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ѓ.С.(44) и А.С.(40), двајцата од Скопје. Ѓ.С. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека пак А.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Најмалку три лица се убиени, а петмина повредени во денешниот напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј. -Мотивот за нападот засега не е познат, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело. Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото. По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.
Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело даночно затајување. Државното јавно обвинителство соопшти дека во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари односно за повеќе од еден милион евра. -Во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11 проценти и данок на додадена вредност од 18 проценти…
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат: 20.12.2025 година (сабота) : Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Љубанци, поточно делот кон Црквата Св. Јован. ( Општина Бутел )
Главната цел на Микробиолошката лабораторија за контрола на квалитет, најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД вредна 3,1 милиони евра, е обезбедување највисоко ниво на контрола на микробиолошкиот квалитет на суровините, примарната амбалажа, полупроизводите и на готовите производи. На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, мониторинг на компримираниот воздух, верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми, тестирање на антимикробната ефикасност, потврда за ефикасноста на дезинфициенсите, како и други анализи, во согласност со регулаторните барања. Оваа најнова…
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. – Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“. Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија би…
