Author: Author 03

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, во второ читање, расправаше за предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија. До членовите на собраниската комисија и Министерството за правда претставувано од заменик министерот Ален Деребан, беа предложени повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за начинот на избор на членови на Судскиот совет. Деребан информира дека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го усвои Предлог-Законот за Судски совет на второто читање. Беа разгледани вкупно 19 амандмани. Дел од нив беа прифатени и оценети како правно и системски издржани.-Предлог Законот за Судски совет уредува:-Јавност и транспарентност при избор…

Повеќе

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро. Се верува дека никој не е повреден, а според очевидци, за среќа авионот се движел бавно. „Беше ужасно, иако пилотот се јави и се преправаше дека не е толку сериозно“, рече патникот.

Повеќе

Мицкоски и ДПМНЕ сите тендери ги собраа за себе, па почна да ги раздаваат, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Фирмата на контроверзниот Нефи Усеини од Охрид, кадар на ДУИ, добила дел од тендерот вреден 3 милиони евра од Македонија пат, за зимско одржување патишта. Додека секој ден зборуваат за ДУИ пред граѓаните зад грбот им делат тендери. Никој не може да довие тендер без одобрение на Мицкоски и ДПМНЕ. Владата на Мицкоски нема пари за земјоделците, нема за сточарите, им ги нема исплатено ниту субвенциите. Но затоа за криминални тендери мора да има пари. Дури…

Повеќе

Фејсбук тестира систем кој би можел да им наплаќа на корисниците за споделување линкови преку интернет, потег што би можел да се покаже како дополнителен удар за медиумите и другите издавачи. Мета, сопственикот на социјалната мрежа, потврди дека спроведува „ограничен тест“ во кој корисниците без платена претплата на Мета Верификувана, која започнува од 12 евра месечно, можат да објавуваат само два надворешни линка месечно, објавува The Guardian. Што носи новиот тест? Се чини дека тестот вклучува подмножество на Фејсбук страници и кориснички профили кои го користат „Професионален режим“, кој е дизајниран првенствено за креаторите на содржини да ги монетизираат своите…

Повеќе

Астролозите предвидуваат дека овие хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта и финансиските проекти. Лавот, Овенот и Стрелецот можат да очекуваат позитивни промени во новата година. Астролозите најавуваат економски бум за овие хороскопски знаци, како и можност за појава на нов животен партнер кој ќе донесе свежа енергија во нивниот живот. Лавовите ќе имаат шанса да ги реализираат долгогодишните финансиски планови, додека Овните ќе доживеат промена која ќе ги подобри нивните лични и професионални перспективи. Стрелците пак, ќе бидат отворени за љубов и ќе можат да запознаат партнер кој ќе им донесе стабилност и хармонија. Според астролозите, овие знаци ќе…

Повеќе

Владата на Република Србија на денешната седница донесе Заклучок со кој им се препорачува на работодавците на вработените кои Бадник го празнуваат според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар да им овозможат да не работат на тој ден. Владата им препорача на работодавците на вработените кои Бадник го празнуваат според Грегоријанскиот календар, католиците и припадниците на други христијански верски заедници, да им овозможат да не работат на 24 декември 2025 година, се наведува во соопштението на Владата. Иста препорака важи и за вработените православни верници, кои овој празник го празнуваат на 6 јануари 2026 година според Јулијанскиот календар, пренесува Телеграф повикувајќи…

Повеќе

Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ. Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини намалувањето изнесувало 1,2 проценти, што е највисока стапка во регионот. Според податоците на Евростат, намалувањето на населението во во Северна Македонија 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3 , во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто. Во…

Повеќе

На 18.12.2025 во 14:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Д.Ц.(49) од Скопје, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Украинските мировни преговарачи денеска почнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, објави главниот украински преговарач Рустем Умеров на Телеграм. Тој додаде дека на разговорите во САД ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев. -Ние сме конструктивно ориентирани. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна. Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана, посочи Умеров. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да ја заврши речиси четиригодишната војна. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер…

Повеќе

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници. Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69. Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Овие притворања го прават неодржливо доставувањето хуманитарна помош на ОН во областите контролирани од Хутите. Ова директно влијае на милиони луѓе на кои им е потребна помош и го ограничува нивниот пристап до помошта што спасува животи, наведе Дижарик. ОН постојано ги отфрла обвинувањата на Хутите дека вработените и…

Повеќе