Author: Author 03

Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, била разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци. Таа за ТВ 24 рече дека, според неа, поводот поради кој е разрешена е едно нејзино интервју во месец август со кое изнесува критички став за македонските иселеници во Австралија. -Вчера точно во 12 часот и 4 минути, јас бев на моето место Државена Архив на Република Македонија, ми се јави една госпоѓа која се претстави дека се јавува како секретарка од кабинетот на премиерот. Информацијата беше многу кратка со тоа што ме извести дека од моментот на јавување јас…

Повеќе

На 13.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, В.П. – возач на автобус во ЈСП Скопје, пријави дека на подрачјето на Центар, при затворање на вратите на автобусот, Р.У.(85) од Скопје кој влегувал во автобусот, паднал на коловозот и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица одпожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивнаоблека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаенчекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуалнимерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедениисклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уштееднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме назасегнатите и да обезбедиме навремена медицинска…

Повеќе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги разреши министерката за енергетика Свитлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушченко од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Претходно, двајцата поднесоа оставки од своите министерски функции поради истрагата на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) за наводни злоупотреби во енергетскиот сектор. Советот за национална безбедност и одбрана на Украина е составен од членови на Владата, раководителите на безбедносните служби, генералниот обвинител, првите луѓе на Централната банка и претседателот на Националната академија на науките. Советот го води претседателот на Украина, додека секретарот е одговорен за организациските задачи и директно го информира…

Повеќе

Изработката на Буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Сител. „Ова е процес кој логично требаше да биде спроведен од претходната влада, особено во услови на висока инфлација. Но, тоа не се случи, па целиот товар падна на нас“, рече министерката. Димитриеска-Кочоска потсети дека следната година државата треба да врати долгови во износ од 2 милијарди евра, создадени со крајно неодговорно и, како…

Повеќе

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје -Блаце и Кичево -Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, истакна во вечерашното интервју за “ТВ Алсат”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8. “Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а…

Повеќе

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка. „Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што впрочем и мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и кога објавивме дека има одлука за суспендирање,…

Повеќе

Германија ќе обезбеди најмалку 150 милиони евра (174,9 милиони долари) за нов пакет американско оружје што ќе биде доставен до Киев во рамките на иницијативата на НАТО за помош на Украина наречена Листа на приоритетни барања за Украина (ПУРЛ), изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус по состанокот со неговите колеги од Велика Британија, Франција, Италија и Полска. -Русија масовно ја напаѓа цивилната енергетска инфраструктура на Украина додека земјата се подготвува за четвртата зима во војна, изјави Писториус пред новинарите во Берлин. „(Рускиот претседател Владимир) Путин очигледно се обидува да ја направи зимата што е можно понеподнослива за Украина, да…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека Унгарија ќе ја тужи Европската Унија поради нејзината одлука за забрана на увозот на руски гас. Будимпешта го презеде овој чекор бидејќи смета дека одлуката на Унијата е нелегална и спротивна на европските вредности, пишува „Киев Индепендент“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности“, рече Орбан во неделното радио емитување. „Се обраќаме до Европскиот суд на правдата“. Одлука што ги подели членовите Во октомври, Советот на ЕУ се согласи за постепено укинување на увозот на руска енергија до крајот на 2027 година. Одлуката беше усвоена со квалификувано мнозинство, а…

Повеќе

Советот на Град Скопје изгласа одлука за ноќна забрана за фрлање ѓубре. Граѓаните нема да смеат да фрлаат смет во контејнерите од 22 до 6 часот. За непочитување ќе следи казна од 50 евра.Со ваквата забрана велат дека контејнерите ќе се празнат поефикасно и немало да се создаваат депонии околу нив. „Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика…

Повеќе