Author: Author 03

Европската комисија ги прекина сите исплати од ИПАРД 3 програмата поради сериозен корупциски скандал во кој е приведен директорот на Платежната агенција, кадар на ДПМНЕ. Земјоделците останаа без пари поради корупцијата на власта, реагираат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.   Ова е најголемиот корупциски скандал со европски фондови досега бидејќи ИПАРД 3 програмата е вредна околу 130 милиони евра. Сега истрагата мора да оди до крај и да ги опфати сите инволвирани, не само приведениот директор од ДПМНЕ. Тој е близок соработник на Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Мицкоски додека неговата сопруга пак е…

Повеќе

Официјално започна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи по новогодишните и божикните празници, на 11 јануари 2026 година. Согласно Роковникот за изборни дејствија, кампањата за првиот круг започна на 22 декември на полноќ и ќе трае до 9 јануари, кога стапува на сила изборниот молк пред денот на гласање. Во општина Гостивар, за градоначалничката функција ќе се натпреваруваат Невзат Бејта, кандидат на коалицијата „Вреди“, и независниот кандидат Ваљбон Лимани од НАИ. Во Врапчиште, кандидатската трка ја водат Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири, кој…

Повеќе

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека. Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид…

Повеќе

Американската мултинационална компанија „Амазон“ спречила повеќе од 1.800 апликации за вработување, поради сомнеж дека биле поднесени од лица поврзани со Северна Кореја. Главниот директор за безбедност на „Амазон“, Стивен Шмит, соопшти дека севернокорејски државјани се обидувале да конкурираат за ИТ позиции што се извршуваат од далечина, користејќи украдени или целосно лажни идентитети. „Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат заработките за финансирање на програмите за вооружување на режимот“, изјави Шмит, нагласувајќи дека станува збор за широко распространета практика во рамки на технолошката индустрија, особено во Соединетите Американски Држави. Овој случај доаѓа…

Повеќе

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици (локации, инфраструктура), по што треба да почне и практичната реализација на терен. Според Миланов, досега повеќето миленичиња по смртта биле оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Во однос, пак, на кафилеријата, предлогот се разгледувал уште од 2019 година, но…

Повеќе

Утринските температури низ државата се движат во минусни и ниски позитивни вредности. Најстудено утрово беше во Берово, каде што се измерени -2 степени, додека највисоки утрински температури од 4 степени се регистрирани во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, измерени се 2 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, нулта температура е измерена во Крива Паланка, Тетово, Струмица и Маврови Анови. Во Куманово и Виница се регистрирани 1 степен, во Штип, Велес, Кавадарци и Крушево 2 степени, додека во Охрид и Демир Капија утринската температура изнесува 3 степени. Во текот на…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид. Одлуката за избор беше донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.

Повеќе

Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај: „Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави.

Повеќе

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го оперираше левото колено, соопшти денеска неговиот клуб Сантос. Нејмар беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус. „Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, се наведува во клупското соопштение. Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар.

Повеќе