- Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
- Никогаш подлабоко деколте: Ева Лонгорија блесна како божица во фустан кој ги истакна сите нејзини атрибути
- САД ја прекласифицираа марихуаната како помалку опасна дрога
- Активирана против-воздушна одбрана во Техеран
- Зголемување на капацитетите на МВР за спроведување на воздушни операции
- Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
- Истрага за проневера во службата во ФФМ
- Филипче на Х: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши
Author: Author 03
Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во два одделни случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Во СВР Куманово, вчера во 16:40 часот, 57-годишна жена од село во општина Липково пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.Подоцна во текот на вчерашниот ден во 20:20 часот, 26 годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг и се заканувал со остар предмет. И за двата случаи полицијата, презема мерки за расчистување на случајот.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изрази уверување дека разговорот меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е клучен за пронаоѓање решение за украинското прашање. „Многумина го критикуваат американскиот претседател за разговорот со Путин. Но, ако сакате мир, мора да бидете силни и мора да разговарате“, изјави Венс за „Фокс њуз“. Тој нагласи дека Вашингтон треба активно да се вклучи во дипломатските напори со цел постигнување договор. Според него, Трамп е „првенствено фокусиран на мирот“, свесен дека продолжувањето на конфликтот води до дестабилизација, нови бранови бегалци и раст на цените на храната што директно ги погодува американските граѓани. Москва…
Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?, праша денеска на прес-конференција Симона Цветановски од членка на ИО на СДСМ. Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален. Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие? Зошто не…
Во синоќешните руски воздушни напади врз украинскиот град Днепар и регионот Синелникове загинаа две лица, а беше предизвикан и пожар кој зафати приватни објекти, домови, петкатна зграда, гасовод и повеќе автомобили. Украинската противвоздушна одбрана соопшти на Телеграм дека во текот на ноќта пресретнала и уништила „две балистички ракети ‘Кинџал’ и 91 беспилотно летало“. Според истите информации, една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 различни места во Украина. Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови. Според нивните податоци, „дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област,…
Советот на министри на БиХ ќе формира Канцеларија на главен преговарач со ЕУ, изјави денес шефот на државната влада, Борјана Кришто, јасно ставајќи до знаење дека не ја прифаќа одлуката на Претставничкиот дом да ја изврши оваа работа, што е услов земјата да отвори преговори со Европската Унија. „Во согласност со член 22 од Законот за Советот на министри на Босна и Херцеговина, Советот на министри ќе го продолжи процесот на формирање на канцеларија на главен преговарач“, напиша Кришто на својот X профил. Во исто време, таа ги означи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и комесарката за…
СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил кривичното дело. Обезбедени се и дополнителни докази во врска со стореното кривично дело, а по консултација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по член 201-…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до пет милијарди долари. Причината, како што тврди тој, е „монтажа“ на неговиот говор од 6 јануари 2021 година – денот кога негови поддржувачи влегоа во Капитол. „Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови“, изјави Трамп. Тој додаде дека планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за време на викендот, посочувајќи дека според него Стармер се…
Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026. Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во образованието. Бојковска посочи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и создава услови кои младите ги заслужуваат. „Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1…
На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат. Тие ја запознаа со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот на дијабетичарите. Имајќи предвид дека во државава се регистрирани 142 илјади пациенти, од кои 42 илјади се на инсулинска терапија, соговорниците се согласија дека е неопходно итно спроведување на современи превентивни, континуирани и квалитетни програми, со…
Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми. Тој е јасен одраз на институционалниот застој, недостигот од реформи и недоволниот политички капацитет за придвижување на земјата напред кон Европската Унија. Европската комисија говори со јасен и недвосмислен јазик. Термините што се користат во извештајот – „без…
