Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерката за финансии децидна: Нема да има промена на даноците

    Министерката за финансии децидна: Нема да има промена на даноците

    26.12.2025 во 09:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     – Проектираниот реален раст од 3,8% за 2026 година е реално остварлив. Даночните приходи ќе се реализираат согласно планираното, а дигитализацијата е клучниот фактор во сериозно зголемување на ефикасното трошење на буџетските пари. Ова го истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за месечникот „Економија и бизнис“.

    „Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 % и сметам дека е реално остварлив. Но, секако дека ги следиме состојбите на глобално ниво и ги земаме предвид сите ризици. Затоа и буџетот за 2026 година не е проектиран со оптимистичко сценарио, туку би рекла напротив, доста внимателно, дури конзервативно. Свесна сум дека во буџетот веќе не постојат резервни средства (бафери) кои би можеле да се користат во време на кризи, претходната влада искористи сè што беше останато за кризни ситуации, а не успеа да се консолидира како што го направија тоа соседните земји. Затоа и проекциите се многу внимателни. Она што, секако, останува е фактот дека годинава проектираниот номинален БДП ќе биде над нашите очекувања, што остава простор за следната година од аспект на изразување на јавниот долг и на дефицитот како проценти. Во однос на даночните приходи, сметам дека тие ќе бидат остварени согласно планираното и тука нема ризици“, вели министерката во интервјуто.

    Таа потенцира дека промена на даноците нема да има  и дека тоа е ветување од предизборната програма, но дека ќе се отворат сите закони од областа на даноците и на царините со цел да се види каде има неусогласености.

    „Апсолутно нема да има промена на даноците. Тоа го ветивме и во предизиборната програма. Секогаш се водам од правилото дека на државава треба да ѝ се плати толку колку што ѝ следува, ниту повеќе, но ниту помалку. Токму од таа причина и ги отвораме законите, да ги додефинираме работите за да нема недоразбирања. Ќе дадам пример од Законот за ДДВ. Почнавме да го работиме пред повеќе од еден месец. На мое инсистирање почнавме да ги читаме сите членови од Законот и констатиравме дека основни работи напишани уште во 2000 година не се сменети, а создаваат забуна сите овие години. Од таа причина вклучив и експерти, пред сè дел од консултантските куќи, кои на дневна основа се соочуваат со прашања на кои не можат да дадат прецизен одговор. Сето тоа се работи и ќе се работи со цел да имаме што е можно подобри и попрецизни закони. На тој начин нема да може да се заобиколува системот и да се правдаат поединци со недоречености во законите. За жал, она што е столб на државава, а тоа се законите од областа на даноците, низ годините се менувани само со козметички измени. Сега е време ова да се промени. Нам ни треба прво да постигнеме сите да плаќаат даноци, а потоа да размислуваме за промена на даночните стапки“, посочува Димитриеска-Кочоска и додава дека само дигитализацијата може да го намали сериозно неефикасното трошење на буџетските пари.

    Во интервјуто се осврнува и на реализацијата на капиталните расходи, повратот на ДДВ кон компаниите, спроведување на реформите од Реформската агенда и слично.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.