Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат

    Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат

    26.12.2025 во 09:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп во својата божиќна честитка упати остри критики кон поединци во Соединетите Американски Држави кои, како што наведе, биле блиски со финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, а подоцна јавно се дистанцирале од него.

    Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп обвини дека многу влијателни луѓе го поддржувале Епстин, а потоа, по поднесувањето обвиненија против него, лажно тврделе дека немале никаква поврзаност.

    – Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на неговите забави и мислеа дека е најдобриот човек на светот, само за да го ’шутнат како куче‘ кога работите станаа премногу жешки, лажно тврдејќи дека немаат никаква врска со него, дека не го познаваат, велејќи дека е одвратна личност, а потоа обвинувајќи го, секако, претседателот Доналд Џ. Трамп, кој всушност беше единствениот кој се дистанцираше од Епстин, и тоа многу пред тоа да стане модерно, напиша Трамп.

    Тој додаде дека, според него, ќе следуваат бројни објаснувања кога ќе се обелоденат имињата на сите лица поврзани со Епстин, во, како што го нарече, „тековниот лов на вештерки од страна на радикалната левица“.

    Трамп направи паралела со претходните обвинувања за наводно руско мешање во изборите, кои ги оцени како целосно измислени.

    – Неуспешниот „Њујорк тајмс“, меѓу многуте други, беше принуден да се извини поради своето лошо и погрешно известување за изборите … Сега истите губитници се повторно тука, само што овојпат толку многу нивни пријатели, главно невини, ќе бидат тешко повредени и ќе им биде нарушен угледот. Но, за жал, таков е светот на корумпираната демократска политика! Уживајте во она што би можело да биде ваш последен среќен Божиќ, додаде Трамп.

    Во меѓувреме, американското Министерство за правда соопшти дека Сојузното обвинителство за јужниот округ на Њујорк и ФБИ пронашле повеќе од еден милион дополнителни документи кои потенцијално се поврзани со случајот Епстин. Поради обемот на материјалот, процесот на нивно објавување би можел да потрае уште неколку недели.

    Како што е наведено, документите вклучуваат видео-записи, аудио-снимки и фотографии на кои, покрај Епстин, се појавуваат и бројни влијателни личности од политичкиот и деловниот свет.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.