Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?
    • Германија и Франција со спротивставени ставови за правилото „произведено во Европа“
    • Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
    • Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
    • Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
    • Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце
    • Филипче: Македонија не е на продажба
    • ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе се градат гробишта за домашни миленици во Скопје

    Ќе се градат гробишта за домашни миленици во Скопје

    23.12.2025 во 09:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици (локации, инфраструктура), по што треба да почне и практичната реализација на терен.

    Според Миланов, досега повеќето миленичиња по смртта биле оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Во однос, пак, на кафилеријата, предлогот се разгледувал уште од 2019 година, но не била најдена и утврдена соодветна локација.

    Се разгледува, нагласува директорот, и опцијата – секоја општина да има прифатилиште за бездомни кучиња.

    -Во текот на неделава ќе имаме состанок со министерот за локална самоуправа и ЗЕЛС. Досега повеќето миленичиња ги оставаа на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Ќе се прават нови места, кои не се населени, надвор од урбаните средини и тоа ќе биде една од темите на состанокот – секоја општина, ако може, да има и прифатилиште и гробишта за миленици. Тоа ќе им биде укажано на градоначалниците. Во врска со кафилеријата, од 2019 година се разгледуваше предлогот, но за шест години не се најде соодветна локација. Најпрво беше Лозово, па Росоман,.. Советниците не дозволуваа поради недоволна едукација на населението. Мислеа дека труповите ќе се горат како во фабрика и дека ќе мириса многу, а всушност, се работи за херметички затворен простор. Сега ќе се оди кон јавно-приватно партнерство. Најверојатно по празниците ќе седнеме со министерот и советниците на премиерот да поразговараме. Има и најнов модел како во повеќето европски држави – мобилна кафилерија која овозможува да се земе трупот, да се однесе на точно утврдена место и да се изгори, истакнува Миланов.

    Прочитај повеќе

    Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?

    24.09.2026 во 13:20

    Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно

    24.09.2026 во 12:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.