Author: Author 03

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди. „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува својата ефикасност кога располага со стрелиште оформено како лабораторија за балистички истражувања, а таквиот капацитет овозможува контролирани услови за тестирање оружје и муниција, што води до добивање сигурни и споредливи резултати.“ изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Стрелиштето ќе овозможи обука и ќе влијае на…

Повеќе

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции… И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на…

Повеќе

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување на цените од 0,2 отсто. „Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема…

Повеќе

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско. Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. одземеното е проанјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Управата за Јавни приходи Ве потсетува дека како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ПДД-И/ЗП), преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената. Во насока на унапредување на досегашната соработка и обезбедување навремени, ажурни и точни податоци во годишните и месечните…

Повеќе

Пратениците во турскиот парламент се судрија поради конфликтот околу наследството на Мустафа Кемал Ататурк, при што беа употребени клоци и боксови во пресметкатa. Инцидентот се случи за време на дебатата на предлог-буџетот за 2026 година, по што пратениците решија да се пресметаат физички во парламентот.

Повеќе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија во текот на ноќта извршила масовен напад врз земјата, при што биле истрелани над 600 дронови и повеќе од 30 проектили. Во нападите загинаа најмалку три лица, меѓу кои и четиригодишно дете, а осуммина се повредени. Зеленски истакна дека руските напади биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“. „Нападите непосредно пред Божик, кога луѓето сакаат да бидат со своите семејства во домот и на безбедно, испраќаат директна и јасна порака за руските приоритети. Путин и понатаму не разбира дека мора да престане со убивањето.…

Повеќе

Во текот на претстојниот празничен период се зголемува ризикот од пожари во домовите поради невнимателна употреба на празнични украси, од светла и свеќи до прскалки, соопштија од ТППЕ Струмица. Новогодишните елки и пластичните украси лесно горат, а огнот може брзо да се прошири на околниот мебел. Пожарникарите нагласуваат дека е важно да се следат нивните препораки: Празничниот период се совпаѓа и со грејната сезона, па пожарникарите апелираат за одговорно однесување при отстранување на пепелта. Дури и при ниски температури, врелата пепел во контакт со запаливи материјали како картонска амбалажа или отпадни хартии може да предизвика пожар. Жарчињата од пепелта остануваат…

Повеќе

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд, во идентични објави на платформата Икс. Повод за реакцијата беше изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри, кој рече дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“. „Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот“, наведоа Кошта и Фон дер Лајен. Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет…

Повеќе

Администрацијата на Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи амбасадски позиции, во обид да го преобликува дипломатскиот став на САД во странство, со персонал за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на претседателот Доналд Трамп „Америка на прво место“. Шефовите на мисии во најмалку 29 земји беа информирани минатата недела дека нивните мандати ќе завршат во јануари, според двајца претставници на Стејт департментот, кои зборуваа под услов на анонимност за да разговараат за внатрешните движења на персоналот. Сите тие ги зазедоа своите позиции во администрацијата на Бајден, но преживеаја почетна чистка во првите…

Повеќе