Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Ќе продолжиме да привлекуваме инвестиции – СДСМ ќе останат против развојот
    • По блокадата за дата центар во Пехчево, се огласи Андоновски: Филипче прави се, само Македонија да не успее
    • Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори
    • Ја чекал пред зграда, ја убил па си пресудил – тајна врска стои зад фемицидот во Атина
    • ФОТО: Чистка во Карпош – старите коли во отпад
    • Шест нови случаи на западнонилска треска во еден ден – стигнавме до 50
    • Шефот на ЦИА тајно во Москва
    • Град го уништи тутунот во прилепско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ целосно солидарна со Данска по изјавата на американскиот претставник за Гренланд

    ЕУ целосно солидарна со Данска по изјавата на американскиот претставник за Гренланд

    23.12.2025 во 10:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд, во идентични објави на платформата Икс. Повод за реакцијата беше изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри, кој рече дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“.

    „Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот“, наведоа Кошта и Фон дер Лајен.

    Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет за Европската Унија, која за таа цел се стреми да соработува со сојузниците и партнерите.

    Во одвоена реакција, исто така на Икс, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, нагласи дека Гренланд е автономна територија во составот на Кралството Данска и дека сите одлуки за промена на статусот може да ги донесат само Гренланѓаните и Данците.

    Прочитај повеќе

    Ја чекал пред зграда, ја убил па си пресудил – тајна врска стои зад фемицидот во Атина

    25.08.2026 во 19:40

    Шефот на ЦИА тајно во Москва

    25.08.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.