Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цана: По 28-дневна битка на Инфективната клиника почина пациент како последица на Западнонилската треска
    • Голф слета во провалија, загинаа две девојки – Страшна несреќа кај Коњиц
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фокусира со кривични пријави – го копирате Груевски и Вучиќ

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фокусира со кривични пријави – го копирате Груевски и Вучиќ

    24.12.2025 во 17:15Updated:24.12.2025 во 17:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секогаш кога ВМРО Ванчовистичка е фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или Резолуции против слободата на говор посегнува по проверените методи за одвлекување на вниманието на јавноста, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено сооптение испратено до медиумите.

    „Тоа го прават или со лажни вести од кујните за дефокус или со кривични пријави.

    Copy-paste рецепти од времето на Никола Груевски и по методите на Вучиќ.

    Последниот пример е поднесената кривична пријава од МВР за поранешниот градоначалник на СДСМ од Пробиштип и тоа за поништено Решение од негова страна.

    Дека станува збор за класичен дефокус од криминалите на ВМРО Ванчовистичка потврдува и настанот кој се случил само пред два дена.

    При инспекциска контрола на објект во сопственост на началникот на ОВР Пробиштип биле утврдени низа неправилности. Објектот од намена училиште е пренаменет во ресторан, со узурпација на државно земјиште, за што постојат претходни постапки и правосилна судска пресуда. За ова зборува цел Пробиштип.

    Ова е класичен политички прогон и обид за дефокусирање на вниманието на јавноста.

    Ама нема да им помине. Прочитани се!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.