Author: Author 03

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека. Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид…

Повеќе

Американската мултинационална компанија „Амазон“ спречила повеќе од 1.800 апликации за вработување, поради сомнеж дека биле поднесени од лица поврзани со Северна Кореја. Главниот директор за безбедност на „Амазон“, Стивен Шмит, соопшти дека севернокорејски државјани се обидувале да конкурираат за ИТ позиции што се извршуваат од далечина, користејќи украдени или целосно лажни идентитети. „Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат заработките за финансирање на програмите за вооружување на режимот“, изјави Шмит, нагласувајќи дека станува збор за широко распространета практика во рамки на технолошката индустрија, особено во Соединетите Американски Држави. Овој случај доаѓа…

Повеќе

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици (локации, инфраструктура), по што треба да почне и практичната реализација на терен. Според Миланов, досега повеќето миленичиња по смртта биле оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и отпадот. Во однос, пак, на кафилеријата, предлогот се разгледувал уште од 2019 година, но…

Повеќе

Утринските температури низ државата се движат во минусни и ниски позитивни вредности. Најстудено утрово беше во Берово, каде што се измерени -2 степени, додека највисоки утрински температури од 4 степени се регистрирани во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, измерени се 2 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, нулта температура е измерена во Крива Паланка, Тетово, Струмица и Маврови Анови. Во Куманово и Виница се регистрирани 1 степен, во Штип, Велес, Кавадарци и Крушево 2 степени, додека во Охрид и Демир Капија утринската температура изнесува 3 степени. Во текот на…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот, која се одржа денеска во Охрид. Одлуката за избор беше донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.

Повеќе

Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај: „Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави.

Повеќе

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го оперираше левото колено, соопшти денеска неговиот клуб Сантос. Нејмар беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус. „Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, се наведува во клупското соопштение. Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар.

Повеќе

Советот на ЕУ денес ги продолжи економските санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина за уште шест месеци. Санкциите, кои се продолжени до 31 јули следната година, опфаќаат широк спектар на секторски мерки што вклучуваат ограничувања во трговијата, финансиите, енергијата, технологијата и стоките со двојна намена, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така вклучуваат забрана за увоз или транспорт на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, прекин на пристапот до SWIFT за неколку руски банки и суспензија на емитување и лиценцирање во Европската Унија за неколку руски медиуми. Мерките, исто така, ѝ овозможуваат на…

Повеќе

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот брифинг со новинарите. Според него, планот А останува развој и напредок на државата, додека изрази надеж дека нема да се префрли на план Б. „Ако излезам на улица, никогаш нема…

Повеќе