Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој
    • ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

    Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

    18.12.2025 во 23:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, од 2029 година ќе се префрли од телевизијата Еј-Би-Си на платформата Јутјуб, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки.

    Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо. Со овој договор Јутјуб станува главна дигитална платформа за сите содржини поврзани со Оскарите, вклучувајќи го преносот од црвениот тепих, доделувањето на Гувернерските награди и објавувањето на номинациите.

    Свеченото доделувањета ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос со титлување.

    – Со ова партнерство Академијата го проширува своето светско достигнување и ја приближува церемонијата до нова публика, изјави извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор.

    Иако големите манифестации сè повеќе се насочуваат кон стриминг- платформите, Оскарите се први меѓу т.н. „голема четворка“ што целосно се откажуваат од класично телевизиско емитување. Така, еден од најгледаните  настани преминува под водство на „Гугл“, чија платформа Јутјуб има околу две милијарди корисници.

    Овој договор претставува културно партнерство кое ја слави уметноста со цел да се инспирира новата генерација на филмски автори и публика, изјави Нил Мохан, извршниот директор на Јутјуб.

    За таквата донесена одлука од страна на Американската академија за филмски уметности и науки, Еј-Би-Си засега се воздржаа од коментари. Телевизијата децении наназад го емитуваше  доделувањето на оскарите од 1961 година, со исклучок на периодот од 1971 до 1975 година, кога церемонијата беше повторно емитувана од Ен-Би-Си.  

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.