- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 03
Потпретседателката и пратеничката на Совијалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, нагласи дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вчера беше изгласана во Собранието е антидемократска и обид за политичка пресметка со опозицијата. Тренчевска, исткана дека власта користејќи дезинформации сака да ја замолчи СДСМ, а да ја сокрие својата неспособност. „Имаме една власт која од што нема резултати од својата работа е насочена исклучиво кон опозицијата. СДСМ ја кажува вистината за штетноста на тој дел од договорот со Велика Британија за безбедноста на државата“, рече Тренчевска. Таа додаде дека во ниту еден дел од резолуцијата на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција. Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно она што го имаат досега како фид бек и процедурата што треба да помине за уште два закона, односно да се изменат Законот за прекршоци и Кривичниот законик. – За измените на…
СДСМ разоткри една ситуација која што практично власта ја држеше под маса и се уште пробува да ја камуфлира, ќе си дозволам да кажам лаже, ја поклопува со резолуции кои што се за мене без смисла и дури се своевидна цензура, рече Јон Фрчковски член на Извршниот одбор на СДСМ, во интервју за емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија, коментирајќи ја ситуацијата со мигрантите и како власта сака тоа да го претстави во јавноста. Тој посочи дека јавниот страв од мигрантите се развива поради недостаток на транспарентност од страна на власт. „Во целиот овој период стравот го развива фактот што…
САД денеска воведоа санкции на 29 бродови и нивните компании оператори поврзани со Иран, соопшти американското Министерство за финансии. САД ги заоструваат мерките против иранската „флота во сенка“, која, како што тврди Вашингтон извезува нафта и други нафтени продукти. Санкционираните бродови и компании транспортираа производи во вредност од стотици милиони долари, користејќи се со измамнички практики, се наведува во соопштението од американското Министерство за финансии.
Пред се сакам да и честитам на новата вд.директорка на Зоолошката градина во Скопје Катерина Костова , одличен човек кој ги сака животните и установата вистински,навистина мие многу драго!, напиш на социјалните мрежи Стефан Ќирков поранешен советник во советот на Град Скопје. „Изминативе денови бев таргет на оркестриран напад на социјалните мрежи од еден центар од квази новинари, лажни активисти со криминални работи во сенка но една секта на луѓе со кој повеќе од 5 години ги пратам како се на политичкиот пазар и како оркестрирано делуваат наводно загрижени активности за животни но со скриени криминални работи со продавање на…
Катерина Костова е новата в.д. директорка на скопската Зоолошка градина. Таа доаѓа од редот на вработените во установата, поточно од правниот сектор.
Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата. Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој. Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека…
ЈСП Скопје преку соопштение ги информира корисниците на билети за возрасни лица од „старосна група – над 62/64 години“, дека заверката на истите за 2026 година, може да се прави во сите центри за персонализација. Како што велат, заверката започнала од 15.12.2025 година. „Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од “старосна група – над 62/64 години”, кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани“, велат од ЈСП.
Албанските пратеници се тепаа со обезбедувањето за време на денешната седница на парламентот, викаа, се влечеа меѓусебно и палеа факели во салата. Инцидентот се случи за време на седницата на која се гласаше за новиот албански народен правобранител (омбудсман), највисокиот функционер задолжен за заштита на човековите права во земјата. Опозициската Демократска партија на Албанија ја обвини владејачката Социјалистичка партија за изборна измама и нарушување на демократијата во земјата, теми поради кои протестира веќе со месеци. Опозициските пратеници ги кинеа микрофоните и фрлаа шишиња кон претседателот на парламентот, Ника Пелеши, додека тој се обидуваше да обезбеди продолжување на гласањето. Пелеши ги…
Општина Росоман реализираше исплата на финансиска поддршка за родители на новороденчиња. Веста на Фејсбук ја соопшти градоначалникот Ѓорѓи Крстевски. Како што информира, денеска е извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои навремено поднеле барање за добивање парична помош за новороденче. „Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман“, вели Крстевски.
