Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа важни одлуки: Заврши ЦО на ЗНАМ

    Паднаа важни одлуки: Заврши ЦО на ЗНАМ

    18.12.2025 во 19:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата.

    Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој. Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата. Настапот на ЗНАМ на овие локални избори беше самостоен и принципиелен, со јасна определба дека довербата на граѓаните не се купува по секоја цена, туку се гради со јасни ставови, конзистентни политики и реални резултати. ЗНАМ свесно избра да расте одговорно и контролирано, водејќи се од долгорочниот интерес на државата, а не од дневно-политички калкулации.

    Во таа насока, Централниот одбор ги дефинираше и следните чекори во натамошното јакнење на партиската структура и политичкото дејствување.

    Во наредниот период ќе се пристапи кон формирање на Клуб на млади и Клуб на жени во рамки на Движењето ЗНАМ, како организирани форми за активно вклучување на младите и жените во креирањето политики, јакнењето на кадровскиот потенцијал и модернизацијата на политичкиот пристап на партијата. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со уште појасна визија, засилен државотворен наратив и цврста решеност да биде фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика, уверено дека добиената поддршка од граѓаните претставува темел врз кој ќе се гради уште посилна позиција на следните парламентарни избори.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.