Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Новогодишно обраќање на Трамп: Го наследив хаосот – сега го чистам

    Новогодишно обраќање на Трамп: Го наследив хаосот – сега го чистам

    18.12.2025 во 18:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „„Го наследив хаосот, сега ја водам Америка кон победа“ – нагласи Трамп во годишното обраќање по првата година од неговиот мандат, не пропуштајќи да го искритикува својот претходник Бајден, поставувајќи ја главната рамка дека проблемите пред кои е исправена земјата не се негова одговорност. Во 20-минутниот говор се пофали дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли. Зборуваше за економските успеси на неговата администрација, како и за напорите за запирање на протокот на нелегална миграција.

    „Пред 11 месеци наследив хаос, сега го чистам. Кога ја презедов функцијата, инфлацијата беше најлоша во последните 48 години. Ова се случи за време на администрацијата на демократите. По само една година, постигнавме повеќе отколку што некој можеше да замисли. Во изминатите 7 месеци, на ниту еден нелегален странец не му е дозволен влез во нашата земја. За само неколку месеци, преминавме од најлошото кон најдоброто. По години рекордно опаѓање на приходите, нашите политики ги зголемуваат нето платите со историско темпо. Веќе обезбедив рекордни 18 трилиони долари инвестиции, голем дел постигнат со царини. Пред една година нашата земја беше мртва, подготвена да пропадне, но сега сме најсилната земја во светот“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

    Нови политики не беа конкретно претставени, освен најавите за поагресивни мерки за домување, именување нов претседател на Федералните резерви и исплата на бонуси од 1.776 долари за американските војници.

    „Поради царините вечерва сум горд што објавувам дека повеќе од милион и 450 илјади припадници на воената служба ќе добијат посебна дивиденда пред Божиќ, на секој војник му испраќаме 1.776 долари. Заработивме многу повеќе пари отколку што некој мислеше поради царините, а законот ни помогна. Каква разлика прави една година. Ќе добиете многу подобра здравствена заштита по многу пониска цена. Единствените губитници ќе бидат осигурителните компании кои се збогатија и Демократската партија, која е целосно контролирана од истите тие осигурителни компании“, нагласи Доналд Трамп, претседател на САД.

    Трамп не заборави да ја истакне и својата мировна улога, нагласувајќи дека во изминатата година успеал да стави крај на осум војни. И покрај претставениот успех, популарноста на Трамп меѓу Американците опаѓа. Јавноста е загрижена за трошоците за живот додека Републиканската партија се соочуваа со неизвесни избори за Конгресот во наредната година.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.