Close Menu
Press24
    Најново

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:04

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сенатот со големо мнозинство го одобри законот за национална безбедност

    Сенатот со големо мнозинство го одобри законот за национална безбедност

    17.12.2025 во 21:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска усвои закон за национална одбрана вреден 901 милијарда долари и го испрати на потпис во Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе изјави дека ќе го потпише законот, со што тој ќе стапи во сила. Сенатот го одобри предлог-законот со 77 гласа „за“ и 20 „против“, со поддршка од двете партии. Минатата недела истиот закон беше усвоен и во Претставничкиот дом.

    Со новиот закон се предвидуваат рекордни воени трошоци, вклучувајќи зголемување на платите на воениот персонал за четири проценти, инвестиции во вооружување и мерки за јакнење на конкурентноста на САД во однос на Кина и Русија.

    И покрај Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на Трамп и преиспитувањето на односите со Европа, законот содржи одредби за јакнење на безбедноста на европскиот континент.

    Поддршка за Украина и Балтикот

    Законот предвидува 800 милиони долари за Украина, распоредени по 400 милиони годишно во следните две години, преку механизам кој финансира испораки на оружје од американски компании за Киев.

    Исто така, се обезбедуваат 175 милиони долари за Балтичката безбедносна иницијатива, наменети за поддршка на одбраната на Летонија, Литванија и Естонија. Со законските одредби се ограничува можноста бројот на американски војници во Европа да се намали под 76.000 и се забранува командантот на американските сили во Европа да се откаже од функцијата врховен командант на НАТО.

    Контроверзни и дополнителни одредби

    Предлог-законот не ја вклучува идејата за преименување на Министерството за одбрана на САД во Министерство за војна, предлог кој претходно го лансираше Трамп. Сепак, се вклучува одредба со која трансродови жени не можат да учествуваат во женски спортски програми во воените академии.

    Прочитај повеќе

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.