Author: Author 03

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Дејан Мираковски и Претседателката на Центарот за циркуларна економија при Стопанската комора на Македонија Марија Дуковска-Павловска денес го посетија Научниот центар за циркуларна економија и лабораторијата за тестирање на материјали во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во рамки на проектот „Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука и бизнис“ со финансиска поддршка од министерството креиран е Научниот центар за циркуларна економија при Универзитетот и опремена е модерна лабораторија за тестирање на материјали која е ставена на располагање на научната и бизнис…

Повеќе

Екс градоначалничката Данела Арсовска во писмено соопштение испратено до Антикорупцинерите потенцира дека од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба до ДКСК по престанокот на функцијата градоначалник. Остро реагираше дека требало да ги известат по мејл, а не преку медиумите. „Ве известувам дека денес 17.12.2015 година (среда) од медиумите дознав информација која сте ја пуштиле како соопштение дека согласно член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, постои обврска за поднесување изјава за имотна состојба. Сите оние кои не се реизбрани и на кои им настанал престанок се најдоа на листата која сте ја лиферувале, а…

Повеќе

„Добро е кога Западен Балкан е во оптиката на Европската Унија, тоа е охрабрувачки за граѓаните на Западен Балкан затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина бидејќи Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ“, порача премиерот Мицкоски од Брисел. „Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради би рекол вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто…

Повеќе

Земјоделците од северниот дел на Грција кои веќе 16 дена нивните трактори ги имаат паркирано на граничниот премин Евзони, попладнево повторно ја блокираа границата за сообраќај на сите возила на влез и излез од Грција кон нашата земја во периодот од 18 до 22 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, за вечерва планирана е блокада и на граничниот премин Ники (Меџитлија) од 19 до 23 часот по локално време, а ќе се однесува само на товарните возила. Блокади има и на другите гранични премини, на Кипи кон Турција, каде што не…

Повеќе

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“. По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десет пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин остро ги нападна европските лидери, нарекувајќи ги „мали прасиња“ и рече дека Русија ќе ги постигне своите територијални цели во Украина или преку дипломатија или преку воена сила.Зборувајќи на годишниот состанок со Министерството за одбрана, Путин рече дека целите на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ ќе бидат постигнати „безусловно“. „Ако не сакаат суштински разговор, тогаш Русија ќе ги ослободи своите историски земјишта на бојното поле“, рече тој. Путин тврдеше дека претходната администрација на Соединетите Американски Држави „намерно ја туркала ситуацијата кон вооружен конфликт“, додавајќи дека Вашингтон верувал дека Русија може да биде ослабена…

Повеќе

Пратеникот Амар Мециновиќ во вчерашното гостување во поткастот Естраден Лексикон кажа дека веќе една година бил сингл и дека нема девојка. Но откри дека има симпатија. Иако првично одби да одговори на прашањето на водителот кога ја изгубил невиноста, сепак кажа дека тоа го сторил на 17 години.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.11.2025 во Гостивар, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

Повеќе

Француското Министерство за внатрешни работи неколку дена било мета на сериозен хакерски напад, при кој е остварен неовластен пристап до службените електронски пошти на дел од вработените, како и до чувствителни полициски бази на податоци. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека е регистриран сајбер-напад и дека хакерите успеале да пристапат до „одредени професионални е-поштенски сандачиња“, што им овозможило увид во повеќе клучни полициски системи, меѓу кои Системот за обработка на кривични евиденции и Регистарот на барани лица. „Сè уште не го знаеме опсегот на компромитација. До денеска можеби се отстранети неколку десетици датотеки од системот“, изјави Нуњез. Тој…

Повеќе

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме е токму историската вистина за што сите ние овде сме собрани и се стремиме, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Македонија и заменик-претседател на Владата, Љупчо Димовски, во своето обраќање на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“. – Навистина ова не е едноставна работа, меѓутоа претпоставувам дека самите професори почувствуваа дека постојат капацитети во партијата коишто се достојни за…

Повеќе