Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

    Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

    17.12.2025 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на темата за Самитот на Европската унија-Западен Балкан, при што истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите,  регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    ,,Овој Самит претставува исклучителна можност, токму  челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка агенда на ЕУ со којшто ќе се потенцира или повторно ќе се адресира прашањето, дека политиката на проширување особено кога се однесува на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија е високо на агендата“, посочи Петрушевска и додаде:

    ,,Очекуваме на овој Самит  да се адресираат и прашањата кои што ги засегаат и регионот, а во којшто е вклучена и Македонија. Тоа е регионалната соработка, потоа прашањата кои што се поврзани со надворешната и безбедносната политика. Во овој дел, Македонија е навистина во еден чекор понапред споредбено од нашите соседи“.

    Петрушевска додаде дека во последниот Извештај на Европската комисија, во делот на надворешните односи, како што вели таа, се потенцираше дека земјата останува во целост усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

    ,,Меѓутоа, за прв пат се споменува и се поздравува пристапувањето на СЕПА и партнерството кое што  Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, а тоа се однесува на безбедност и стабилност“, кажа Петрушевска.

    Според неа, борбата со корупцијата заедно со владеењето на правото е темелот на процесот на проширување.

    ,,За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години навистина се направи еден охрабрувачки исчекор во делот со борбата со корупцијата и би сакала ова да го поткрепам со факти. Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на  усогласување со европското законодавство“, заклучи Петрушевска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.