Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Го поддржувам протестот – ОВК е наша национална гордост

    Меџити: Го поддржувам протестот – ОВК е наша национална гордост

    10.12.2025 во 13:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е дел од раководството на коалицијата ВЛЕН, изјави дека генерално го поддржува протестот што в сабота во Скопје го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во знак на поддршка на поранешните команданти на ОВК кои се соочуваат со судски процес во Хаг. Коментарите ги даде во интервју за косовскиот медиум „Вокс Косова“, нагласувајќи дека протестот е демократско право, а Ослободителната војска на Косово претставува дел од националната историја и гордост.

    „Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“, изјави Меџити.

    На прашањето дали ќе присуствува лично, тој не даде конкретен одговор, но посочи дека како градоначалник ќе овозможи протестот да се одржи на плоштадот во општината.

    „Протестот ќе се одржи на плоштадот во општината каде што сум градоначалник. Ќе дадеме согласност за одржување на протестот. Се надевам дека сè ќе помине добро“, додаде Меџити.

    Протестот, организиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, е најавен за сабота на плоштадот „Скендербег“ со почеток во 13 часот и има за цел да изрази поддршка за поранешните лидери на ОВК кои се соочуваат со обвиненија пред Судот во Хаг.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.