Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи

    03.08.2026 во 10:46

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Модерен систем за управување со отпад: Формиран меѓуопштински одбор кој ќе спроведува европски практики

    Модерен систем за управување со отпад: Формиран меѓуопштински одбор кој ќе спроведува европски практики

    10.12.2025 во 12:20Updated:10.12.2025 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди.

    На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС, Игор Никовски, директор на Управата за животна средина и Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International.

    Веднаш по поздравните обраќања, свечено се потпиша договорот за воспоставување на МОУО. Со воспоставувањето на МОУО, општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап. Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги и поголема сигурност за граѓаните. Овој системски пристап е суштински за да се обезбеди конзистентно, транспарентно и професионално управување со отпадот, усогласено со домашното законодавство и европските стандарди.

    Новоформираното тело ќе има обврска да:

    • усвојува регионални планови за управување со отпад,
    • ги одобрува клучните инвестиции во регионалната инфраструктура,
    • координира активности за затворање на постојните депонии и надминување на проблемите со дивите депонии,
    • го надгледува спроведувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО),
    • обезбедува транспарентност и активно вклучување на граѓаните во процесот

    Овој мандат на МОУО создава силна основа за стабилен, отчетен и долгорочно одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво.

    Со воспоставувањето на МОУО всушност започнува следната фаза од реформата за управување со отпад, која вклучува пред сѐ изработка на нов Регионален план за управување со отпад 2026–2032, финализирање на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие, координирање на работата на надлежните институции, но и засилен ангажман за целосно и навремено информирање на јавноста. Овие активности се суштински за воспоставување целосно оперативен РСУО.

    Градоначалниците од двата региона денес покажаа високо ниво на единство, одговорност и визија за современи јавни услуги и почиста животна средина. Преку колективна одлука, тие покажаа дека регионалната соработка е клучна за развојот и квалитетот на живот на граѓаните.

    Шведска и Швајцарија, како долгорочни партнери даваат поддршка во процесот, обезбедувајќи стабилност, експертиза и кредибилитет во секоја фаза од реформата.

    Прочитај повеќе

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.