Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

    Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

    10.12.2025 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со примањето на мигрантите, владата ќе направи исклучително небезбедна држава.

    Веќе слушаме  детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. ‘Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно“, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма.

    Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат сместени во кампови, туку ќе имаат право слободно да се движат низ државата и да користат работни места, што особено носи ризици поврзани со ваквата ситуација.

    „Не зборуваме за мигранти кои ќе бидат сместени во кампови и ќе ги чуваат чувари. Значи, тие ќе бидат тука меѓу нас, и ние ќе ги гледаме. Не сакам моите деца, нашите деца, да ги доживеат оние сцени што ги гледаме надвор , дивјаштва, грабежи, криминал. Тоа не сакам да го видам во нашата држава. Некој преговарал без да ги праша граѓаните, сам си зел право да разговара за тоа, и тоа сега излегува на површина. Бараме одговори, зошто ние како македонски граѓани да ја добиваме вистината преку медиуми од друга земја, а не од нашата влада, која преговара“, потенцираше Жерновски.

    Тој додаде дека прашањето за мигрантите е нешто на што веднаш треба да се реагира, затоа што кога ќе бидат веќе испорачани тука, нема назад.

    „Значи, или нема да има во Македонија шест милијарди евра, или нема да има мигранти , едното со другото не оди. Тоа е вистината што ја прашуваме уште од мај “, потенцираше Жерновски, додавајќи дека круцијалното прашање до власта е дали на Македонија, Британија би ѝ дала 6 милијарди евра без да прими ниту еден мигрант.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.