Author: Author 03

Американската технолошка компанија Мета отпушти неколку стотици вработени од својот оддел за вештачка интелигенција (ВИ), а во исто време вработува нови експерти за својата понова лабораторија наречена TBD Lab, дознава Axios. Според Axios, компанијата заклучила дека нејзините долгогодишни проекти за ВИ станале премногу бирократски и бавни, па затоа оваа реорганизација има за цел да создаде поагилен и поефикасен систем на работа. „Со намалување на големината на тимот, ќе бидат потребни помалку меѓусебни консултации пред да се донесе одлука, а секој член ќе има поголема одговорност, авторитет и влијание“, напишал директорот за ВИ на Мета, Александар Ванг, во интерно меморандум, според…

Повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска, Ола Солстром, на кого му го честита назначувањето на амбасадорската функција и му посака успех на новата должност, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжи многу успешната и динамична соработка со Шведската Амбасада. Тој ја искористи можноста и да изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, не само на политичко, дипломатско и институционално ниво, туку и финансиски преку програмата за реформи за поддршка на евроинтегративниот пат на Македонија со околу…

Повеќе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Израел не е протекторат на САД. – Ние не сме протекторат на САД. Израел е тој што одлучува за својата безбедност, наведе Нетанјаху. Претходно, Венс изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“. -Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигуриме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел, посочи Венс. Тој пред…

Повеќе

Православната црква утре, 22 октомври, го слави споменот на Светиот апостол Јаков, син Алфеев и еден од дванаесетте големи апостоли, роден брат на евангелистот Матеј. Јаков беше сведок на зборовите и чудата на Исус Христос, на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, тој ја ширеше Христовата благовест во Елефтеропол и околните места, а подоцна и во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Неговиот труд и ревност беа крунисани со голем успех, многу незнабошци поверуваа во Христос, основаа цркви и поставија свештеници и епископи. Познат како Јаков Праведниот, тој се смета за заштитник…

Повеќе

Нападите извршени од Соединетите Американски Држави врз бродови во меѓународните води на Карипското Море, за кои се тврди дека се поврзани со Венецуела, претставуваат опасна ескалација и „вонсудски егзекуции“, објави денес група независни експерти на Обединетите нации. Во соопштението, експертите на ОН признаа дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја навел борбата против трговијата со дрога како основа за овие операции, но тие оценија дека „дури и ако овие тврдења се докажат, употребата на смртоносна сила во меѓународни води без законска основа претставува кршење на меѓународното право на морето и вонсудските егзекуции“, објави Ројтерс. Независни експерти, назначени од…

Повеќе

Според хороскопот, младата Месечина во Вага носи ментална јаснотија, но и предизвик да го задржите својот мир во хаосот. Таа ве учи дека рамнотежата е прашање на одлука и дека секоја нова фаза започнува во моментот кога ќе одлучите да си верувате себеси повеќе отколку на своето сомневање, пишува „Сенса“. На небото на 21 октомври ќе исчезне последната трага од Месечината – со тоа се завршува еден циклус, а потоа започнува нов. Лунацијата во знакот Вага носи можност да пронајдете внатрешен мир, но и да ги тестирате односите околу себе. Ако во последно време сте се чувствувале емотивно растргнати, сега…

Повеќе

На 20.10.2025 во 19:18 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.П.(58) и Н.Ѓ.(19) од една страна и Н.С.(44) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Заедно со Орце Ѓорѓиевски, остваривме искрени и топли средби со граѓаните на неколку локации низ Аеродром – зад Капитол, на Детската улица во Ново Лисиче и во Парк Бановина, истакна кандидатор за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески. -Разговаравме за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром. Секој разговор беше потврда дека кога се работи со срце и со народот – вистинските решенија се наоѓаат заедно, истакна тој. Тие остварија и средби со граѓани со кои пријателски поразговараа.

Повеќе

Дарко Костовски вечерва реализираше победнички состанок со својот изборен тим во Бутел. Ја прослави ја победата во првиот круг. – Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои ми веруваат, кои ја сакаат општина Бутел каква што ја познаваат. Благодарам што избравте развој и стабилност, напиша Костовски на Фејзбук.

Повеќе

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс кој денеска пристигна во Израел и зборуваше за постигнатото примирје меѓу Хамас и Израел, вечерва изјави дека верува оти тоа ќе се одржи. Потпретседателот рече дека „секој има улога“ во однос на тоа кои земји ќе придонесат со мировни сили во Газа, но дека одлуката на крајот е на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Она што го видовме минатата недела ми дава голема надеж дека примирјето ќе се одржи. Со оглед на историјата на конфликтот, мислам дека сите треба да бидеме горди на тоа каде сме денеска. Многу сум оптимистичен. Може ли да кажам со 100 проценти сигурност…

Повеќе