Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира

    Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира

    11.12.2025 во 20:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека e започната процедурата за новиот закон за Судскиот совет.

    Според Милошоски  реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за напредок во борбата за владеење на правото, посочувајќи дека се потребни измени во Законот за Судски совет во смисла на подобрување на квалитетот на оние кои конкурираат.

    „Реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за да можеме да направиме чекор напред во оваа борба за владеење на правото и во обвинителството. Измените во Законот за Судски совет се подобрување на стандардите во смисла подигање на квалитетот на оние коишто можат да конкурираат да бидат членови на Судскиот совет и појасно дефинирање на она апстрактна и често злоупотребувана фраза „истакнат правник“. Тоа би требало да биде сега нешто прилично по сериозно. Нам ни е битно во тој Судски совет да има луѓе кои што  ќе можат да го вратат авторитетот на Судскиот совет, којшто сега е понизок и од нискиот рејтинг на правосудството во целина“, вели Милошоски.

    Милошоски наведе дека во минатото често давал критики и ставови за претседателите на судскиот совет, бидејќи според него на крајот цената ја плаќа владата, а не оние кои не ги исполниле очекуваните обврски во однос на владеење на правото.

    „И затоа сум имал често и свои ставови и одредени критики кон претходниот претседател на Судскиот совет, актуелниот претседател на Судскиот совет, кон  Весна Дамева кон сите нив, затоа што сметам дека на крајот цената ја плаќа Владата без разлика дали тоа била претходната или сегашната, а не ја плаќаат цената оние коишто не си ги исполнуваат задачите кои се очекуваат од јавноста оправдано по однос на владеење на правото“, рече Милошоски и додаде:

    „За следната година секако се предвидени повеќе средства, но мислам дека и судиите и обвинителите ќе треба навистина подобро да ги оправдаат“, заклучи Милошоски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.