Close Menu
Press24
    Најново

    Вреди: Над 250 милиони евра за локални проекти, европскиот пат останува приоритет

    14.08.2026 во 19:21

    Нападнати пожарникари во прилепско, се огласи Ангелов: Храбри се, ама не се Супермени

    14.08.2026 во 19:09

    Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

    14.08.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вреди: Над 250 милиони евра за локални проекти, европскиот пат останува приоритет
    • Нападнати пожарникари во прилепско, се огласи Ангелов: Храбри се, ама не се Супермени
    • Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
    • СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар
    • Пресек на пожари до 18 часот: 8 се активни, 2 под контрола
    • 72 казни за возачи на лесни електрични возила – МВР најави нови контроли
    • Готови се анализите: Водата во Скопје е безбедна за пиење
    • Ниту пијте вода од чешма, ниту гответе: Забрана за пиење на водата во Демир Капија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Оперативни активности за реализација на следната фаза на Регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

    Оперативни активности за реализација на следната фаза на Регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

    11.12.2025 во 20:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По вчерашната конститутивната седница и официјалното формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) во Пелагонискиот и Југозападниот регион, следува следната, подлабока фаза на реализација на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО).
    Формирањето на МОУО пред сѐ е клучен момент и исчекор во создавањето модерен систем за управување со отпад – со неговото воспоставување општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап. Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги, но уште поважно, намалено загадување и значително подобрување на јавната хигиена како и долгорочни придобивки за здравјето на граѓаните. Овој системски пристап е суштински за да се обезбеди конзистентно, транспарентно и професионално управување со отпадот, усогласено со домашното законодавство и европските стандарди.
    На вчерашната конститутивна седница беше избран и првиот претседавач на МОУО, градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, со што Одборот е целосно административно функционален. Ова претставува важен чекор за понатамошната редовна работа, стратешкото планирање и заедничкото донесување одлуки за сите прашања поврзани со управувањето со отпадот во двата региона.
    Во оваа насока, реформата влегува во фаза во која се носат клучните одлуки за оперативното функционирање на РСУО. Следуваат повеќе процеси:
    ·         изработка на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) 2026–2032,

    ·         финализација на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие,

    ·         административно усогласување и координација на надлежните институции,

    ·         развивање на капацитетите на општинските јавни комунални претпријатија

    ·         развивање на регионалнната и локалната инфраструктура за управување со отпад

    ·         интензивирана комуникација со јавноста и вклучување на граѓаните,

    ·         унапредување на отчетноста и транспарентноста на процесите.

    Паралелно, продолжува техничката поддршка од Шведска преку SALAR International и спроведувањето на регионалниот проект за цврст отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) како дел од долгорочната и стабилна меѓународна партнерска соработка.
    Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион покажаа дека преку единство, заедничка одговорност и стручна поддршка, може да се гради регионален систем што носи реални придобивки за секој граѓанин: почиста животна средина, современи јавни услуги, нови економски можности и подобар квалитет на живот.
    Активностите се спроведени во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво”, поддржан од Шведска, имплементиран од SALAR International.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Над 250 милиони евра за локални проекти, европскиот пат останува приоритет

    14.08.2026 во 19:21

    Нападнати пожарникари во прилепско, се огласи Ангелов: Храбри се, ама не се Супермени

    14.08.2026 во 19:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.