- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
Author: Author 03
На почетокот на XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство.„Новата политичка епоха бара парадигма што ќе ја надмине логиката на транзицијата. Парадигмата „Државност 2030“ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет, идентитет + Европа: синтеза, а не конфликт“, кажа Мицкоски.Мицкоски во својот говор ги наброја десетте принципи кои ја дефинираат парадигмата на…
Вонредна информација за обилните врнежи – до 12:00 часот. Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата низ државата е стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд.•Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион: нема нарушувања на редовната состојба.•Битолски регион: водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање.•Струмички регион: нема врнежи; сообраќајот на ГП Богородица/Евзони ќе биде блокиран во интервали поради штрајк на грчките земјоделци (10–14 ч. и 18–22 ч.).•Кратово: слаби и повремени врнежи. УХМР: претпладне облачно со локален дожд, попладне стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Температури од 9 до 13°C; во Скопје…
Под влијание на висок воздушен притисок, во текот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму информираат дека во претпладневните и вечерните часови во одделни котлини ќе има појава на магла, каде температурите ќе останат пониски. Денеска ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува од северен правец. Максималните дневни температури ќе достигнат од 9 до 13 степени. Во Скопје ќе биде облачно, со можен слаб дожд…
-Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината, рече во своето видео обраќање на присутните на Конгресот, Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа укажувајќи дека иднината на Македонија е во Европа. Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им…
Граничниот премин Евзони денеска повторно ќе биде затворен за сите видови на возила поради штрајкот на грчките земјоделци. Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес. „Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации“, истакна Мицкоски. Додаде дека овој премин бара системски реформски циклус во повеќе…
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање и се осврна на темата за државноста. Тој истакна дека наследството за јазик, државност и културната самобитност создаваат три обврски за денешната генерација, а самото историско наследство е најсилен мотив државата да биде поефикасна и поорганизирана. ,,Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска. Од Илинденската идеја, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година, секоја генерација ја…
ВМРО-ДПМНЕ денес го одржува XVIII конгрес во Кавадарци, каде што претседателот, Христијан Мицкоски во отворениот дел имаше воведно обраќање. Во својот говор, Мицкоски истакна дека државата не се гради со зборови, туку со карактер, дека иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки и дека во животот на секоја генерација постои момент кога историјата престанува да биде учебник и станува обврска, а пред нас е точно тој момент. „Денес, тука, не зборуваме само за програми, за платформи, за бројки или мерки. Зборуваме за нешто поголемо. За обновата на македонската самодоверба. За враќање на чувството дека оваа земја не е…
Секое сериозно движење и организација мора да има цврста основа, јасна рамка и патоказ кој ќе ја одреди иднината. Македонскиот плурализам донесе многу политички партии, но многумина исчезнаа, некои беа експерименти, додека други се борат за опстанок поради погрешни одлуки и слабости во лидерството.При силните ветришта и бури, вистински се тестира силата на врзивното ткиво на организацијата – нејзината идеологија, уверувањата и желбата за успех. Кога се напушта идеологијата, се губи идентитетот и се заменува колективната среќа со индивидуални интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот Конгрес во Кавадарци. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е голема партија која ја…
Изгореа лагите од кујната на ВМРО-ДПМНЕ. ДПМНЕ вчера ги нараче „фантазија на СДСМ“ пишувањата на британски медиуми дека има соработка меѓу македонската и британската влада за прифаќање мигранти, стои во соопштението на СДСМ. Дури рекоа дека сме биле подготвени да измислиме „колонизација на марсовци во Македонија“. Еве денеска, Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција. Кој сега лаже? ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш. А кој лаже тој и краде! А тоа особени се гледа овие денови. Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за…
